• Latest

Таравари: Невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место

July 20, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Таравари: Невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место

July 20, 2020 10:59
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоналачникот на Гостивар, Арбен Таравари, во интервју за Слободен печат зборува за резултатите од предвремените парламентарни избори на 15 јули, приговорите поднесени од партијата Алијанса за Албанците, како и можните коалиции за состав на нова Влада.

Во однос на резултатите од овие предвремени парламентарни избори, каде Алијансата за Албанците освои четири пати повеќе мандати од изборите во 2016 година, Таравари вели дека се задоволни од истите, дека заедно со партијата Алтернатива добиле 12 мандати или 82.000 гласа.

„Искрено, цел ни беа околу 90.000, но го имаме предвид и амбиентот во кој се бориме до дојдеме до израз. Ние сме партија која на овие избори триумфираше со гласови кои беа чисти како солза, на ниту еден начин не вршевме притисок, не компромитиравме, не заплашувавме и не условувавме граѓани. Немавме ниту доволно рекламен простор во националните медиуми, бидејќи бевме третирани како мала партија. Овојпат не би сакал многу да зборувам за валканите игри на политичките противници, тие кои сакаме да се истиснат од сцената на политиката. Нивните методи се добро познати и за тоа сме зборувале повеќе пати. Овојпат нашиот триумф нема да го засенувам со тоа што ќе ги елаборирам (само)деструктивните методи на противникот. За партија која е релативно млада, постои од 2015 година, мислам дека постигнавме повеќе од достоинствен резултат, со одличен квантум на гласачи, на коишто им благодарам од сè срце. Допрва ќе се види квалитетот на нашите пратеници и мислам дека тоа е најдобриот начин да им возвратиме на тие што и го довериле својот глас на нашата партија. Колку за споредба, на првите изборите на коишто настапивме добивме само два мандати, еденбеше на НДП, а вкупно, заедно, добивме околу 36.000 гласа. Следуваа локалните избори на кои освоивме три општини, Гостивар, Врапчиште и Боговиње и вкупно 51.000 глас од советничките листи. Да оставиме граѓаните да зборуваат и на следните локални избори во 2021 година“, вели Таравари.

Таравари вели дека за нив е важно успешно да заврши изборниот процес и дека за нивните 150 приговори за изборните едицини 5 и 6 сметаат дека имало злоупотреби и во изборните единици 1 и 2, посебно во Чаир, Сарај и Липково.

„Очекуваме нашите приговори да бидат прифатени и да бидат сменети одредени бројки од пратеничките мандати. Што се однесува до вашето прашање за желбата и плановите да учествуваме во идната влада, нашиот одговор е да, секако. Секој демократски систем се потпира на политичките партии како еден од примарните начини за рефлектирање на различните гледишта и за застапување на широк спектар интереси во процесот на политичко одлучување. Ефективноста и кредибилитетот на партиите има суштинско влијание врз успехот на демократијата. Токму овде се гледаме себеси. Да се разбереме, ние не сакаме во власта да учествуваме по секоја цена. Нашата определба е да се бориме против корупцијата, за владеење на правото, за евроинтегративните процеси и за добробитта на граѓаните. Во таа смисла, подготвени сме за соработка со сите оние политички субјекти коишто искрено ги делат истите стремежи, во интерес на државата и на граѓаните“, вели Таравари.

Таравари додава дека на нив не им се одлика валканите политички игри, пресметки и калкулации.

„Впрочем, со таквото чисто минато и сегашност сакаме да влеземе во идната влада. И по секоја цена ќе се бориме да го задржиме својот интегритет и доследност кон граѓаните. Во таа смисла, невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место. Не сакаме да создаваме хибрид којшто нема да функционира, ниту, пак, мислиме дека треба да дозволиме нашата партија да се претопи во сојуз со субјектот којшто е целосно дегенериран и чие досегашно дејствување и последици ќе се чувствуваат со генерации. И пак ќе повторам, нашата цена е да учествуваме во развојот на ова општество, а не во неговото уназадување“, додава Таравари.

Целото интервју со Таравари можете да го прочитате тука.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ