До Управниот суд пристигнале само две тужби, едната е од жител на Куманово која била спречена да гласа, а втората е од партијата Интегра и се однесува на резултатите од изборите, информира Управниот суд во соопштение .
„Претседателот на Управен суд ја информира јавноста дека во 14.50 часот на ден 21.07.2020 година, во Управниот суд е поднесена и заведена уште една тужба од подносителот ИНТЕГРА Македонска Конзервативна Партија за заштита на избирачко право на подносителите на листи. Со почеток во 16:00 часот во судница бр.1, ќе одржи јавна расправа по поднесената тужба од Живка Арсовска, која вооедно јавно се и поканува за присуство по предметот УРП.бр.33/2020 за поништување на Решението на Општинска изборна комисија 10-109 од 15.07.2020 година“, стои во нивното соопштение.
Закажана е и седница за првопристигнатата тужба и таа ќе се одри попладнево.












