Дваесет и три години има најмладиот пратеник на актуелниот состав на Собранието, а седумдесет и два, најстариот. Најмладиот претставник на граѓаните во законодавниот дом, всушност е млада студентка, со амбиции за позитивни промени особено за нејзините врсници.
Артина Ќазими е 23 годишна студентка, избрана од листата на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, е најмладата меѓу 120 пратеници избрани на изборите на 15 јули.
Од друга страна, генералот Илија Николовски, пред 20 дена наполнил 72 години, а доаѓа од листата на коалицијата „МОЖЕМЕ“, предводена од СДСМ.
Ако Ќазими ќе е гласот на студентите и младите, Николовски ќе биде гласот на пензионерите, имајќи предвид дека е и претседател на Партија на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).
А.З.