• Latest
Полициска интервенција, с. Синичане, Боговиње, 29 јули 2020

Полицијата не дозволи изградба на водоводот во Боговиње, градоначалникот повикан во полициска станица

July 29, 2020

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Полицијата не дозволи изградба на водоводот во Боговиње, градоначалникот повикан во полициска станица

July 29, 2020 17:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Полициска интервенција, с. Синичане, Боговиње, 29 јули 2020

Полициска интервенција, с. Синичане, Боговиње, 29 јули 2020

Share on FacebookShare on Twitter

Припадници на полицијата не дозволуваат извршување на работи за изградба на водоводот над селото Синичане, во Општина Боговиње.

Градоначалникот Албон Џемаили бил повикан на информативен разговор, а од неговата партија обвинуваат за политичка одмазда заради изборниот резултат. Самиот Џемаили, вели дека за водоводот постои проект од Општината и целта е на селаните да им се обезбеди вода за пиење.

„Општината почнала подготовки околу проектот. Вчера бев повикан во полициска станица во Тетово. Не сум криминалец, само сакам на граѓаните да им обезбедам вода за пиење. Полицискиот службеник нема писмена наредба, затоа јас сум убеден дека тука има политичка позадина”, изјавил градоначалникот Албон Џемаили за Алсат.

Од Алијансата за Албанците, партија на која и припаѓа Џемаили, обвинуваат дека загубата на ДУИ во Општина Боговиње ги натера преку полицијата да ги стопираат работите на проектот за вода за пиење во селото Синичани.

Полициска интервенција, с. Синичане, Боговиње, 29 јули 2020

„Денеска во полициската станица беше повикан на разговор градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили, каде беше предупреден со закани за итно прекинување на работите за водоснабдување на Синичани. Напротив, ако работите не бидат стопирани, Албон Џемаили ќе биде уапсен. Работите за проектот за водоснабдување се преземени во согласност со сите законски процедури, затоа ваквото однесување на полицијата не може да се смета за ништо друго освен одмазда на ДУИ кои го користат техничкиот министер од редовите на ДУИ, Агим Нухиу, како инструмент за одредени цели“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Ваквото однесување кое им штети на жителите на Синичани и не само, се вели во соопштението, е апсолутно неприфатливо за нас, затоа барат интервенција на надлежните органи со цел случајот да се расветли и работата да продолжи без закани од полицијата.

Истото, обвинуваат од ААм, се случи во Арачиново, каде МВР изврши контрола во куќата на семејството Небиу, според нив, како знак на одмазда за нивната загуба.

„Овие закани и притисоци за жал доаѓаат веднаш по назначувањето на Агим Нухиу за министер за внатрешни работи. Ова уште еднаш ја докажува злоупотребата на власта за партиски цели од страна на функционерите на ДУИ. Го прашуваме министерот кој е следен да биде загрозен? Куманово, Врапчиште или Гостивар и Тетово? Апелираме до албанскиот министер на МИЛИЦИЈАТА на ДУИ, подалеку од Албанците!”, продолжува соопштението.

Алијансата за Албанците бара одговорност од СВР Тетово и министерот Нухиу за заканите против какви било функционери на Алијансата за Албанците. Во меѓувреме, тврдат дека ги известувале и амбасадите во земјава за, како што викаат, политичката репресија со која се соочуваат жителите на овие села, кои се лишени од основните услови за живот, како што е водата.

Од МВР сè уште нема официјално соопштение околу настанот и повикот на градоначалникот Џемаили на информативен разговор.

Арбен Зеќири 

 

Share44Tweet28Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ