• Latest

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

August 7, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

August 7, 2020 09:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од 61 пратеник, но конкретна вест кога ќе ја создадат идната влада уште нема, пренесува МИА.

Министерката за правда во заминување Рената Дескоска, вчера на својот Фејсбук профил, истакна дека Собранието е веќе конституирано и оти тече рокот од 10 дена за доделување на мандатот за состав на влада. Меѓутоа таа не даде информации во однос на преговорите за формирање на владата. Во статусот на Фејсбук, Дескоска се осврна и на дебатата отворена во јавноста во однос на тоа дали Собранието е конститутивно во услови кога не е избран претседателот на законодавниот дом.

– Мандатот на пратениците, согласно Уставот, тече од конститутивната седница. Не може пратениците да имаат мандат во неконституирано Собрание. Собранието е веќе конституирано на конститутивната седница, напиша Дескоска на Фејсбук.

Во врска со примерите кои се посочуваат од 2006 и 2016 година, таа истакна дека кога се прават паралели меѓу два случаи треба да се води сметка за правните акти кои важеле во времето на превземањето на дејствијата и при тоа ги споредува членот  9 од Деловникот донесен во 2002 година кој важел во 2006 година кога претседателот Бранко Црвенковски го доделил мандатот за состав на влада на мандатарот Никола Груевски и членот 9 од Деловникот донесен во 2008 година, како што вели, без учество на опозицијата со едностран акт на владејачкото мнозинство, врз основа на кој е доделен мандатот во 2017.

– Не треба посебна анализа за да се согледаат разликите меѓу двата текста: првиот, оној од 2002 година е појасен, попрецизен, подемократски и со пологични одредби. Вториот, насила донесен од страна на тогашната власт во 2008 година, создава дилеми и проблеми во примената, а главна цел му е да ја стави палката за водење на конститутивната седница во рацете на поранешниот претседател на Собранието, посочува Дескоска.

Од друга страна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес конференција вчера изјави дека неговата партија работи на формирање на парламентарно мнозинство, додавајќи дека „ниту ги потврдува, ниту ги демантира информациите од непотврдени и неидентификувани извори“ за тоа дека партијата ги приближила ставовите со ДУИ за формирање влада.

Порталот „Лајм“, повикувајќи се на партиски извори, завчера објави дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се пред договор за формирање влада со премиер Албанец. Според истиот извор, лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски се согласиле дека прв премиер ќе биде Лазар Еленовски, кој ќе се декларира и за Албанец и за Македонец. На овој начин ДУИ ќе има образложение дека го реализирала барањето за премиер Албанец, а и во членството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има револт, затоа што за Еленовски ќе биде јасно дека „изјавата дека е Албанец е само за потребите на дневната политика“, наведува „Лајм“.

Во врска со ваквите информации, Арсовски посочи дека и СДСМ вика оти има мнозинство, што, според него, не го потврдуваат другите политички партии.

– Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласат на тоа, нагласи Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика социјалдемократите да одговорат со кого формирале парламентарното мнозинство и да соопштат детали околу договореното.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ