Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, во изјава за весникот КОХА, вели дека очекува наскоро да се формира новата влада и да продолжи со консолидација на реформите кон европскиот пат на земјата.
“Се надевам дека новата влада ќе биде формирана наскоро, и да продолжи со ефикасни и кредибилни реформи, како и да се консолидира европскиот пат на земјата. Судството, борбата против корупцијата, реформите во образованието и развојот на економијата треба да бидат главната задача на новата влада “, вели Тимоние за KOХA.