Советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини од претпладнево заедно со брат му се во затворот во Охрид, откако Јавното обвинителство им определи мерка притвор од 8 дена, за нападот врз Спиро Топалкоски, потврдија од МВР за ЦИВИЛ Медиа.
Браќата Усеини беа недостапни и во бегство 6 дена по определувањето на притворот. Обвинителството го истражува нападот под сомнение за две кривични дела, „насилство“ и „недозволено држење и поседување оружје“.
Топалковски пред медиумите првин тврдеше дека Усеини го нападнал со боксови и бил удиран со пиштол, но потоа преку адвокат го промени мислењето и изјавата тврдејќи дека не видел пиштол, односно дека со Усеини беа и ќе останат пријатели и дека советникот го напаѓаат од политички причини.
Неофицијално, за нападот постојат и снимки од безбедносни камери каде според информации од истрагата се гледа и оружје кое служело при нападот во еден охридски хотел.
Д.М.