• Latest
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

И за покана на информативен разговор потребни се врски- повикај го Христијан

October 13, 2025 16:03
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Во коментар на Фејсбук за случајот со „куферот“ оставен на плоштадот ВМРО, новинарскиот ветеран и колумнист, Бранко Тричковски напишал:

„Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан!“, за што, како што самиот вели, експресно добил покана за итен информативен рзговор.

Правниот тим на ЦИВИЛ оцени дека Тричковски, најверојатно бил пријавен поради загрозување на сигурноста- по член 144 од Кривичниот законик, по што бил повикан на разговор во полиција, како дел од постапката по пријавата.

Самиот Тричковски, во друга објава на Фејсбук вели дека во станицата при информативниот разговор билеа максимално коректни и се држеле во рамките на законските протоколи во вакви случаи., при што, во своето образложение при исказот, на прашањето дали во коментарот за Христијан мислел на Мицкоски, одговорил:

 Не,  Христијан е општо име за манипуланти кои шират атмосфера на стрв и несигурност, користејки ги своите медиумски песови кои се трудат да ги втераат сите овци во исто грло.

Сепак, поширокиот контекст дозволува и таква интерпретација, при што употребата на името Христијан, може да се земе како да се работи за премиерот, Христијан Мицкоски.

И, до тука е се во ред. Дури може да се заклучи дека институциите си ја работат својата работа.

Но, дали е навистина така, и институциите не постапуваат селективно, од случај до случај, и преземаат брзи активности единствено кога се работи за Христијан Мицкоски-премиерот. Брзината е особено забележлива сега, за време на изборната кампања, кога не треба да се „валка“ ликот и делото на премиерот. И дали ова значи дека институциите се впуштени во лов на негативни коментари на социјалните мрежи за премиерот и владата?

Како поинаку да се протолкува ваквата драстична промена од претходното неделувањето на институциите за илјадниците сериозни закани кон ЦИВИЛ и неговото потесно раководство. „Метак у глава“, „Има ли некој да му стави метал на Дерала?“, „народен суд“, „стрелање“ се редовен репертоар на говорот на омраза и повиците за ликвидација против „тие од Цивил“, кои останаа без реакција од институциите и непроцесуирани, додека Основно јавно обвинителство по цели девет месеци од пријавата поднесена на 24.01.2024 година, успена на почетокот на октомври да достави пратка со известување дека на 17.09 успеа да оцени дека заканувачката порака „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“од профилот на извесен „Александар Антиќ“, упатена кон уредникот на Цивил Медиа, била, како што стои во одговорот  – „новинарско препукување, без конкретна намера и цел, да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот Дерала“. Уште потажно е тоа што изостанаа и реакциите од новинарските здруженија, најверојатно уплашени за својот статус кај новата власт.

Како што велат, правдата е слепа, во нашиов случај слободно може да се додаде: и спора и селективна.


Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

Tags: Бранко Тричковскиинформативен разговорселективна правдаХристијан Мицкоски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ