• Latest
Одговорот на ОЈО кој пристигна девет месеци по пријавата

Јавното обвинителство по 9 месеци одлучи дека заканата со „куршум“ за Дерала е „новинарско препукување“, продолжија повиците за „метак у глава“

October 22, 2024

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ГОВОР НА ОМРАЗА

Јавното обвинителство по 9 месеци одлучи дека заканата со „куршум“ за Дерала е „новинарско препукување“, продолжија повиците за „метак у глава“

October 22, 2024 12:29
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ПРАВДА, ТОП 5
Одговорот на ОЈО кој пристигна девет месеци по пријавата

Одговорот на ОЈО кој пристигна девет месеци по пријавата

Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на октомври ЦИВИЛ доби известување за пристигната пратка. Пратката што беше подигната се состоеше во писмо од Јавното обвинителство. Ја пренесуваме во целост без редакциски интервенции:

Скопје, 17.09.2024 година

Во врска со Известување рег. бр. 23.14-9221/1 од 24.01.2024 година, поднесено од МВР, БЈБ, Сектор за компјутерски криминал со ЦД, до ова Јавно обвинителство, а кое се однесува на поднесена пријава лично од Вас, и во име на правното лице „Цивил“ – Центар за слобода, преку e-mail адреса: civil.macedonia@gmail.com, против лицето за кое се претставувало како Александар Антиќ, поради смртни закани упатени на социјалната мрежа „Facebook“ кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, се утврди дека објавениот коментар од лицето лице, Александар Антиќ, било новинарско препукување, без конкретна намера и цел, да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот, Џабир Дерала, како и поради недостигот на докази за точната ИП адреса од каде е објавен коментарот, наоѓам дека, нема место за јавно обвинителско постапување.

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

Анел Фидоски

Ова е повод уште еднаш да се проговори за жестокиот говор на омраза и заканите што со години се упатуваат на адреса на колегата Џабир Дерала, како и на други членови на ЦИВИЛ како организација или до новинарската екипа при ЦИВИЛ МЕДИА.

„Има ли некој да му стави метал на Дерала?“, гласи коментарот со повик за насилство на очигледно лажниот профил со името „Мирослава Симоновска“ на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, под текстот „Унгарија влегува во Северна Македонија со телекомуникациите преку 4iG Групацијата“.

Веројатно направила печатна грешка и мислеше на метак наместо метал, со оглед дека буквите К – Л се една до друга во азбуката и на тастатурата.

Како и да е, физичко насилство или убиство се извршува и со метак и со метал.

Фејсбук профилот Мирослава Симоновска нема никакви информации, односно може да се заклучи дека се работи за лажен профил кој има наменска улога.

Лажен профил или не, Министерството за внатрешни работи односно Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика имаат обврска да ги следат овие состојби и да постапуваат според законските прописи. Истото се однесува и на обвинителството.

Ова не е прва закана кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. „Метак у глава“, „народен суд“ и „стрелање“ се редовен репертоар на изразите на омраза и повиците за ликвидација против „тие од Цивил“ и лично против Дерала и во изминатиот период.

„Во овие услови само за метак у глава на Дерала може да се говори“, пишува „Маја Вркљовик“.

„Тие од Цивил треба пред народен партизански суд како во 1945 да бидат извадени. Тие се грко-балистички северџани, само доживотен затвор за предавниците“, коментира „Тони Моневски“.

Фејсбук страницата Кичево објави колаж од „предавниците“ со пораката „Сите ќе ве стреламе“ на 25 февруари 2024 година

Без оглед на тоа дали се работи за текст што е потпишан од Дерала или од некој друг, или се работи за вест преземена од агенциските тикери – говорот на омраза и повиците за ликвидација сеедно се насочуваат против Цивил и нејзиниот најистурен претставник, Џабир Дерала.  

Основното јавно обвинителство (ОЈО) дури по девет месеци (на 17.09.2024, а одлуката кај нас стигна на 8 октомври 2024) од пријавата поднесена (на 24.01.2024 година), оцени дека заканувачката порака „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“ од профилот со назив „Александар Антиќ“, односно Александар Петровски, упатена кон Џабир Дерала, за колумната „Снајперисти со врзани очи“, било „новинарско препукување, без конкретна намера и цел, да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот Дерала“.

Скен од одговорот на ОЈО кој пристигна девет месеци по пријавата

Правниот тим на ЦИВИЛ констатира дека нејасно е како – и врз основа на што – јавниот обвинител заклучил дека станува збор за „новинарско препукување“, особено што не е утврдено дали лицето Александар Антиќ е новинар или не. Исто така, јавниот обвинител можел и требалo по службена должност да обезбеди докази за точната ИП адреса од каде е ставен коментарот, а не тоа „недостигот на докази за точната ИП адреса од каде е ставен коментарот“ да биде причина за непостапување на јавниот обвинител.

ЗНМ и другите новинарски здруженија молчат. Молчат и организациите за човекови права кои со години спроведуваат проекти за мониторинг на говорот на омраза. Од друга страна, ЦИВИЛ е секогаш тука да излезе во одбрана на сите што се засегнати со ова зло во јавниот дискурс.ЦДМТ

Tags: говор на омразаегзекуцијазаканиЈавно обвинителствоМВР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ