• Latest

Стрелање, „метак у глава“ и „народен суд“ – дел од заканите по животот на Џабир Дерала и тимот на ЦИВИЛ

March 22, 2024

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Стрелање, „метак у глава“ и „народен суд“ – дел од заканите по животот на Џабир Дерала и тимот на ЦИВИЛ

March 22, 2024 11:14
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ГОВОР НА ОМРАЗА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат заканите со убиство кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. На објавата на линк од текст за прес конференцијата на ЦИВИЛ за изборниот мониторинг на Фејсбук профилот на Новатв.мк, од профилот „Маја Врљковиќ“ беше напишан коментар:

„Во овие услови само за метак у глава на Дерала може да се говори“.

Во друга објава каде што се презентира извештајот од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, профилот „Тони Моневски“ коментира: „Тие од Цивил треба пред народен партизански суд како во 1945 да бидат извадени. Тие се грко-балистички северџани, само доживотен затвор за предавниците“.

Профилот „Илија Лазаров“ коментира: „А бе вие сеете отров, омраза е мал збор збор за вас, се ви се чисти повраќаници, немате мерка“!

Фејсбук страницата Кичево објави колаж од „предавниците“ со пораката „Сите ќе ве стреламе“.

Меѓу „предавниците за отстрел“ се: претседателот на државата Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, челниците на ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафери и Артан Груби, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, претседателот на Украина, Володимир Зеленски како и активистите на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и Дехран Муратов, и други.

Страницата е креирана од политичка партија, односно на 20 април 2011 е именувана Сдсм Кичево, на 29 јули 2019 е преименувана СДСМ Кичево, за на 25 јули 2023 остана само Кичево.

На фејсбук страницата сè уште има фотографии од митинзи, собири и кампањи на СДСМ.

Всушност, Фејсбук страницата Кичево ја администрира и раководи политичката партија Левица. Сите објави се поврзани со активностите на Левица.

Зоран Богатиновски исто така направи албум придружен со зборовите: „Македонски предавнички кучки, албанскиот шпион на Пентагон и на Крлеуша од калето се посраа славејќи ја фашистичка Украина во Цивил МК – испрдокот на излитената америчка „демократија“ во Македонија“.

Во „предавничкиот албум“ се активистот на ЦИВИЛ, Драган Мишев како и колумнистот на Фронтлајн, Ненад Јовановиќ.

Исто така и т.н. новинар (шоумен) Миленко Неделковски откако се врати од како што самиот се пофали на социјалните мрежи, Русија и териториите под руска окупација во Украина, започна силна кампања против Џабир Дерала и ЦИВИЛ.

„Џабир Серала беше ли на погреб“, пишува Неделковски објавувајќи фотографии од гробот на починатиот политички затвореник, рускиот опозиционер Алексеј Навални и фотографија од протестот на ЦИВИЛ пред руската амбасада во Скопје каде што испратија протестно писмо по повод смртта на рускиот борец за демократија и човекови права, Навални.

Миленко Неделковски во емисијата на својот Јутјуб канал насловен „Фактчекирање на фак-чекерите“ изнесе низа говор на омраза и дискредитација кон колегите од Метаморфозис, заклучувајќи дека „мозокот на целата операција со фактчекирањето е всушност Џабир Дерала од ЦИВИЛ“. Во друга емисија посвети „целосна анализа“ за работата на Дерала и ЦИВИЛ (Медиа) секако користејќи говор на омраза и целосни невистини. Но, не изостави да „посака желба“ ако дојде (опозицијата) ВМРО-ДПМНЕ на власт по изборите на 8 мај да се „позанимава со ЦИВИЛ“.

„Избори се ближат, рестрикции на Фејсбук се множат! Џабир Серала, ќе го јадеш немиен“, пишува Неделковски на својот Х профил.

Ова се само дел од објавите на Неделковски насочени кон Дерала и ЦИВИЛ.

„Јавноста треба да знае дека во валканата кампања со навреди, дискредитација, клевети, омраза и закани не учествуваат само анонимни тролови и трол армии, туку и луѓе со име и презиме, меѓу кои се познати пропагандисти (новинари, интелектуалци и други) и политички лидери или високи партиски функционери. Меѓу нив, се разбира, прикриени, се и припадници на безбедносните структури во земјата, но и од странство. Шарена дружина…, пишува Џабир Дерала во неговата колумна „Стравот е нивното оружје. Нашиот арсенал е многу поголем и посилен.

Обидите за заплашување, дискредитација и говорот на омраза насочени кон Дерала и членови на екипата на ЦИВИЛ кои доаѓаат од високи политички претставници и нивните партиски послушници, претставуваат реална закана за животот на ЦИВИЛ-ите.

ЦИВИЛ апелира до надлежните институции да преземат законски дејствија за заштита на животот на колегите.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ


Прочитајте и: 

(24 ГОДИНИ ЦИВИЛ) Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ: По цена на својата лична безбедност, Цивилките и Цивилите ги бранат човековите права и слободи секогаш и секаде, без калкулации и без компромиси

Дерала: Нема да ме заплашат смртните закани, и нема да ме замолчат судските процеси од Мицкоски

Смртни закани против ЦИВИЛ, кампањата трае со години, институциите молчат

Директна закана по животот на Џабир Дерала: Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне

Пиштол и кама, со „Отечественная война“ на маичката: Мини портрет на „Александар Антиќ“ кој јавно се заканува со убиство на Џабир Дерала

ПОЛИТИЧКИ НЕПОДОБНИ: Под огнот на милитантната десничарска политика и пропаганда

Партиските тролови сонуваат за пресметка со неистомислениците „по кратка постапка како во ’45“

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ