ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација со долгогодишно искуство во изборен мониторинг, на денешната прес конференција опфаќа неколку важни аспекти од предизборниот период во земјава.
Измени во Изборниот законик, придонесот на ЦИВИЛ во работните групи за изборни реформи, кршење на човековите права, дезинформации и говор на омраза, националистички и антизападни наративи.
Изборниот процес во Северна Македонија започнува со само непочитување на препораките од ОБСЕ/ОДИХР и домашните организации на граѓанското општество, како и со кршење на човековите права и слободи, поточно со кршење на правото на глас.
Прес-конференцијата се пренесува во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube. Прашањата може да се достават преку е-пошта или месинџер најдоцна еден час пред почетокот на настанот.
Д. Т.