• Latest

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025 14:26
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Скандал ја потресе општина Кичево откако на социјалните мрежи се појавија аудио снимки со компромитирачка содржина, објавени од профил со името „Ел Чека“. Според описот на снимките, наводно се слуша глас за кој се тврди дека е гласот на актуелниот градоначалник на Кичево, и кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Фатмир Дехари, во разговор со вработена во општината. Во објавите се наведува дека снимките содржат експлицитни сексуални алузии и непристојни коментари, наводно направени во работно време и во простории на општината.

„Почни од средно училиште, директорот ќе те фати! Оди на екскурзија, професорот ќе те фати! Оди на работа, градоначалникот ќе те фати! Тогаш слабиот менталитет на луѓето ја прави жртвата (девојките) виновна, а не овие разгалени кретени што се фатени во старост. Ах, Кичево, Кичево, како те уништија“, пишува „Ел Чека“ на Фејсбук, како резултат на аудио снимките што ги објави од наводен разговор на Дехари и девојки вработени во општината.

Овој коментар предизвика бурни реакции и лавина од осуди во јавноста.

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека со загриженост го следи најновиот скандал што кружи на социјалните мрежи и кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, каде што кандидатот на Националната алијанса за интеграција се гледа во ситуации што го деградираат имиџот на институцијата и јавниот морал.

„Ова е само одраз на политичката култура која 20 години ја задушува одговорноста и го крева срамот на ниво на стандард. Не се радуваме на ничиј срам, но имаме обврска јасно да кажеме дека Кичево заслужува подобро. Затоа граѓаните на Кичево, на 19 октомври, имаат можност да зборуваат со еден глас против овој деградиран модел“, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

По објавувањето на снимките, реагирала и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која изјави дека ваквото однесување, доколку се потврди, претставува „понижување за секоја жена, без разлика на етничката припадност“.

„Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик и навреда за сите што воспитуваат ќерки со труд, почит и достоинство. Таквото однесување мора да биде осудено од сите – и Албанци и Македонци и секој чесен граѓанин“, изјави Ангелова.

Од снимките, како што се наведува во описите на објавите, се слуша како жени вработени во општината наводно биле изложени на недолично однесување и непристојни коментари. Овие наводи предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, но и барања за оставка од Дехари, кој во моментов е кандидат за нов мандат.

Ангелова праша дали жените од ДУИ ќе реагираат на овие наводи, дали Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе отвори случај и дали лидерот на партијата Али Ахмети ќе се огради од ваквите постапки, доколку тие се потврдат.

„Ова не смее да остане без институционална реакција. Жените не се ничија сопственост – тие се мајки, ќерки, жени, и нивното достоинство мора да се заштити“, додаде Ангелова.

Од ДУИ реагираат по објавените скандалозни аудио-снимки поврзани со актуелниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, дека секогаш кога Албанците во Кичево станувале одлучувачки фактор, се активираат механизми на подземјето – лаборатории на служби што работат во темнина – со цел да ги поделат и дискредитираат нивните политички претставници.

„Ова сценарио го познаваме добро: кога не можат да се соочат со идеи и немаат проекти, измислуваат скандали, монтираат разговори, фабрикуваат ’факти’ и ги шират со единствена цел – граѓанинот да ја изгуби довербата во политиката и да остане дома на денот на одлучувањето. Кичево нема да потклекне на оваа замка. Да го сочуваме Кичево од валканоста на старата политика“, наведува ДУИ.

Од партијата додаваат дека пред секоја јавна реакција или извлекување заклучоци е суштински внимателно да се провери автентичноста на аудио-материјалот.

„Само појасна и веродостојна оценка од надлежните институции или експерти може одговорно да се зборува за неговата содржина. Секој коментар или дискусија без таква потврда би биле шпекулативни и потенцијално штетни, како за засегнатите лица, така и за јавниот интерес“, заклучуваат од ДУИ.

Профилот „Ел Чека“ не е нов во јавноста. Имено, пред шест години истиот профил објави низа снимки – таканаречени „бомби“ – со кои беа изнесени инкриминирачки содржини за повеќе членови на партијата ДУИ и за самиот Дехари. Тогаш, Основното јавно обвинителство во Кичево поднесе обвинение против Шеќерим Ахмети во врска со тие објави.

До објавување на текстот нема официјален став или демант од Фатмир Дехари во врска со најновите објави на „Ел Чека“. Јавноста бара целосно расчистување на случајот и институционална реакција доколку се потврдат автентичноста и содржината на снимките.

Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)

Фото: Принтскрин од аудиоснимката објавена на Фејсбук профилот Ел Чека

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ