• Latest

Премиерот Заев на конференција на „Економист“ во Грција, најавени средби со Мицотакис и Сакеларопулу

September 15, 2020
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Заев на конференција на „Економист“ во Грција, најавени средби со Мицотакис и Сакеларопулу

September 15, 2020 09:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Грција, а утре ќе учествува на панел дискусија во рамките на конференција на Економист „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, ќе има работен ручек со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис и ќе оствари средба и со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу.

Заедно со Заев се и вицепремиерите за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и за европски прашања Никола Димитров, како и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопштија од владината прес служба, премиерот, на маргините на конференцијата ќе има и повеќе средби со бизнисмени и претставници на грчката бизнис заедница, додека пак Битиќи и Димитров ќе се сретнат со нивни колеги од Владата на Грција, а Османи ќе оствари работна средба со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

Утре наутро, премиерот ќе учествува на панел дискусија посветена на Западен Балкан, односно на вториот ден од конференцијата на Економист, а подоцна во текот на утрешниот ден ќе се сретне со Сакеларопулу и ќе има работен ручек со неговиот грчки колега.

Во однос на средбата со Мицотакис, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на вчерашниот брифинг со новинарите рече дека европската перспектива, билатералните односи, како и темите што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно комисиите и сл, ќе бидат дел од прашањата за кои ќе разговараат двајцата премиери.

Пецас истакна дека е многу важно што ќе постои можност за разговори, по изборите кај нас и додаде дека „најважна е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, преку која може да се решат многу прашања“, преку отворањето и затворањето на поглавјата.

Проширувањето на ЕУ и следните чекори, заедно со реформите што треба да се спроведат, како и трговијата и инвестициите, ќе бидат темите за кои утре ќе дискутираат премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама, на панел дискусијата посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на Економист,  додека пак за политичката перспектива ќе говорат поранешните министри за надворешни работи на Грција Дора Бакојани и Јоргос Катругалос, кои сега се пратеници од Нова демократија, односно СИРИЗА.

Меѓу најавените учесници на дводневната конференција се и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, министри од грчката Влада, меѓу кои и оние за надворешни работи, за здравство, за одбрана, за инвестиции, шефот на кипарската дипломатија, поранешниот француски претседател Оланд, поранешниот италиански премиер Ренци, амбасадорот на САД во Грција итн.

На ланската конференција на Економист, односно на „23-та тркалезна маса со грчката Влада“, учествуваше тогашниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров. 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ