• Latest

Религијата како оружје

October 25, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА

Религијата како оружје

October 25, 2025 15:18
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Во ноќта меѓу 22 и 23 октомври 2025 година, уште еден руски напад со дронови ја погоди цивилната инфраструктура на главниот град. Еден од ударите, кој се случи во мојот роден и омилен Подолски реон во Кијив, ја оштети Големата хорална синагога.

Нападите врз верските и култните објекти станаа системски дел од руската кампања на терор против цивилното население на Украина. Од почетокот на целосната инвазија беа оштетени или уништени стотици цркви, џамии, синагоги и други свети места низ целата земја: повеќе од 640 верски објекти со различен степен на разурнување, од кои 53 се целосно уништени. Најголемите загуби се регистрирани во регионите каде што се водат борбени дејствија — Донецк, Луганск, Харкив, Херсон и Кијив.

Разурнувањето е само еден аспект на агресијата. На привремено окупираните територии русија систематски ги прогонува верските заедници: конфискува имот, убива и апси свештени лица, ја забранува нивната дејност и ги принудува да преминат под контрола на кремљовските структури.

Кремљ ја користи религијата како инструмент на хибридна војна. Руската православна црква стана дел од агресивната државна политика на рф.

Спојувањето на руската црква со агресивната политика на кремљ претставува предизвик за самите христијански вредности.

Како може некој да го следи Христос, а свесно да убива луѓе!? РПЦ ја поддржува и проповеда „света војна“ против Украинците. Но геноцидот не може да се оправда со никакво мото.

Злосторството е злосторство.

 

1 of 6
- +

Русите можат да создаваат теории и лажни објаснувања за да го оправдаат злото – актот на агресија – но руските ракетни напади врз болници, детски градинки, или врз обични луѓе на улиците и патиштата се кредо на човекомразие.

Оној што го прифаќа ова кредо, нема ништо заедничко со христијанството.

По окупацијата на дел од украинските територии, рускиот патријарх воведе во богослужбата на РПЦ специјална молитва „за победа на русија во Украина“, која стана „симбол“ на спојувањето на црквата со воената пропаганда на кремљ и идеолошко оправдување на агресијата. Поголемиот дел од православните цркви во светот ја оценија оваа молитва како ерес.

Секоја форма на легитимизација или заедничко учество со претставници на рф во верски активности на окупираните територии фактички служи како инструмент на пропаганда на агресорот. Таквите дејствија — дури и под маската на „мирни“ или „духовни“ иницијативи — ѝ овозможуваат на русија да прикажува лажна „нормалност“, да ги оправдува репресиите и да ги шири своите наративи што ја легитимираат војната. Заеднички богослужби или јавни настани со претставници на руските власти или нивните контролирани структури претставуваат индиректна поддршка на теророт и кршење на меѓународното право.

Меѓународното хуманитарно право јасно ги штити верските и културните објекти како дел од духовното и културното наследство на човештвото. Нападите врз цркви, манастири, синагоги и џамии не се случајни штети, туку намерни акти на уништување со политичка и симболична цел. Светот мора не само да гледа, туку и да дејствува: да ги ограничи можностите на агресорот да ја финансира војната, да ги засили санкциите, да ги гони виновниците и да ги заштити цивилните и култните објекти.

Секој избор што го намалува притисокот врз рф или ѝ дава легитимитет — вклучително и во верската сфера — е фактички поддршка на теророт и геноцидот против Украинците.

Очигледно, потребно е да се има Божја милост и благодат за да може човек да го избере доброто и љубовта, а не злото — и да знае да ги разликува едното од другото.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

Фото извор: Амб. на Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ