• Latest

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025 13:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Турција најверојатно ќе биде исклучена од стабилизациската сила од 5.000 војници што треба да биде формирана во Појасот Газа, откако Израел јасно стави до знаење дека не сака турски војници да учествуваат во неа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека услов за формирање на мултинационалната сила е Израел да биде задоволен со националниот состав на нејзините членки. Оваа сила треба да спречи безбедносен вакуум кога ќе започне големата реконструкција на Газа. Турција изрази подготвеност да испрати војници, но Израел соопшти дека се противи на тоа.

Тензиите меѓу Израел и Турција растат поради конфликтот во Сирија, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е гледан од израелската влада како премногу блиски сојузник на Муслиманското братство и на самиот Хамас. Исклучувањето на Турција од стабилизациските сили би било контроверзно, со оглед на тоа што Анкара е една од гарантите на „Трамп планот со 20 точки“ за примирје и располага со една од најсилните армии во тој регион, пишува Гардијан. 

Се очекува водствтото да го преземе Египет.

Други потенцијални учесници, како Индонезија и Обединетите Арапски Емирати, сепак би сакале оваа сила да добие мандат од Советот за безбедност на Обединетите нации, иако формално не би била под ООН.

Наместо тоа, ќе координира со американскиот Цивилно-воен координативен центар (CMCC), сместен во јужниот израелски град Киријат Гат. Центарот, кој вклучува мал број советници од Велика Британија, Франција, Јордан и Емиратите, во вторникот го инаугурираше американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс. CMCC, покрај воената, презема и координациска улога за хуманитарната помош во Газа, иако клучните премини за помош сè уште се затворени.

Главната задача на стабилизациската сила ќе биде разоружување на Хамас и обезбедување услови за функционирање на транзициска палестинска влада, чија форма сè уште се договара. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Палестинската управа нема да има улога во поствоена Газа, иако во петокот главните палестински фракции се согласија независен комитет на технократи да го преземе управувањето со територијата.

Во знак на растечките тензии меѓу Анкара и Тел Авив, турскиот тим за итни интервенции, испратен да помогне при пронаоѓање на тела на Палестинци и Израелци во Газа, остана во близина на египетската граница, чекајќи израелска дозвола за влез.

Станува збор за 81 член на турската управа за катастрофи (AFAD), опремени со детектори за живот и обучени кучиња за пребарување.

Претседателот Ердоган изјави во петокот дека САД треба да извршат поголем притисок врз Израел, вклучувајќи санкции и забрани за продажба на оружје, за да го натераат да ги почитува своите обврски од „Трамп планот“.

Рубио, пак, рече дека агенцијата на ООН за палестински бегалци (УНРВА) нема да има улога во Газа, тврдејќи дека станала „подружница на Хамас“.

Оваа изјава го става во судир со многу европски држави, самите Обединети нации и Меѓународниот суд на правдата (ICJ), кој во советодавно мислење оваа недела оцени дека УНРВА е незаменлив механизам за распределба на хуманитарна помош во Газа.

Судот одби да прифати дека Израел доставил „непобитни докази“ дека агенцијата е неповратно инфилтрирана од Хамас.

Заедничката американско-израелска позиција против УНРВА претставува дилема, бидејќи Доналд Трамп во својот план со 20 точки предвиде улога за ООН во дистрибуцијата на помошта во Газа, но сака да ја исклучи токму УНРВА – единствената релевантна агенција за таа задача. ООН сега се соочува со избор: дали да го оспори Трамп и да ја задржи улогата на УНРВА, или да се повлече, пишува Гардијан. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ