• Latest

Димитров во Атина: Северна Македонија од Грција очекува силна поддршка во интегративниот процес

September 16, 2020
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров во Атина: Северна Македонија од Грција очекува силна поддршка во интегративниот процес

September 16, 2020 20:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ е клучна пресвртница и за Северна Македонија и за регионот во 2020 година, а воедно и потврда за посветеноста на Европската Унија кон нејзините геостратешки приоритети. Ова е главната порака што вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска ја испрати на средбите со грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас и со алтернативниот министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, на кои Димитров им пренесе дека Северна Македонија од Грција очекува силна поддршка во интегративниот процес.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), на средбата со Дендиас во фокусот на разговорот беше ваквата поддршка и помош од соседна Грција како суштински дел во новото поглавје на односите меѓу двете соседни земји, но и голем чекор кон заедничката визија за иднината.
Димитров информираше за очекувањата во однос на преговарачката рамка да биде усвоена до крајот на оваа година, за време на германското претседавање со Советот на ЕУ.
На средбата со алтернативниот министер Варвициотис беа разгледани регионалната и билатералната соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на активностите кои треба да се преземат во наредниот период за интензивирање и продлабочување на Акцискиот план за соработка и имплементацијата на преземените обврски од Договорот за стратешко партнерство и имплементација на Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Секретаријатот за европски прашања на Северна Македонија и МНР на Грција. Се овозможува грчката страна да понуди конкретна техничка помош на македонските институции за побрзо усогласување на националното законодавство во конкретни поглавја од европското acquis.
 И двајцата соговорници посочија дека понатамошното спроведување на Преспанскиот договор ќе придонесе за продлабочување на билатералните односи, ќе им овозможи на двете земји да го искористат целиот потенцијал за политичка и економска соработка, но ќе овозможи и подобрување на соработка и координација во рамките на регионалните иницијативи. Беше договорена и посета на министерот Варвициотис на Северна Македонија во блиска иднина, се вели во соопштението.
Димитров по средбата изјави дека потполно се согласува со министерот Варвициотис.
– Потполно се согласувам дека и двајцата сме посветени заеднички да работиме за да го олесниме процесот на проширување и да и помогнеме на Северна Македонија да го изоди патот и да ги заврши овие пристапни преговори кои започнуваат со меѓувладината конференција, рече Димитров.
Сметам, како што рече, дека делиме заедничка визија за нашиот регион кој е европски, без отворени прашања, со соработка, разбирање и блиско пријателство. Ова е визија која ни дава енергија да одиме напред.
-Се согласуваме дека е многу важно да се продолжи со целосно спроведување на Договорот од Преспа и со оглед на нашите сегашни портфолија, ќе работиме заедно на исто така инструментализирање на Меморандум за разбирање кој е потпишан во минатото. Тоа има врска со забрзување, олеснување, поддршка во процесот на пристапување кон Европа. Но, бидејќи овој процес е критичен за нас, тоа значи дека треба да ја донесеме Европа дома во смисла на европското законодавство, но исто така и во одност на стандардите, спроведувањето, бидејќи ова е долг, но веројатно и единствениот начин како да им овозможиме на нашите млади да имаат европски начин на живот и да останат дома, а не да одат во некоја странска земја членка, изјави Димитров.
– Изгубивме време, изгубивме генерации, но направивме огромен чекор напред и сега е време да го пополниме ова ново поглавје на блискост и пријателство со добри работи за двете земји. И сметам дека ова е веројатно клучната порака за првата посета на нашата нова влада. Мислам дека во однос на физичкото присуство, ние бевме најголемата делегација на конференцијата на „Економист“. Се сретнавме со претседателот, се сретнавме со премиерот, со многу деловни луѓе од Грција и министерства. Има ново поглавје, да ја искористиме можноста, порача Димитров.
Вицепремиерот Димитров овие средби ги оствари во рамките на работната посета на Атина како дел од првата владина посета во странство предводена од премиерот Зоран Заев. 
Share43Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    174 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ