• Latest

Заев: Субвенции ќе има за сите граѓани подеднакво

September 18, 2020
Фото: Х

Литванија ја затвора границата со Белорусија на неодредено време откако балони го нарушија воздушниот простор трета ноќ по ред

October 27, 2025
Фото: Полициска управа на Црна Гора

Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција откако синоќа беше претепан и избоден жител на Подгорица

October 27, 2025

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: Субвенции ќе има за сите граѓани подеднакво

September 18, 2020 14:04
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во владината програма точно е прецизирано дека Владата ќе го поттикне и ќе соработува со бизнис секторот за да се поддржат добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба. Целта е меѓу другото да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага земјата. Тоа е особено важно за да зборуваме за промена на свеста кај секој од нас и отфрлање предрасуди од кој било тип, со цел секој еден квалитетен кадар да биде соодветно ангажиран, за да дадеме максимум придонеси во нашето општество.

Ова го порача премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфереција со министерката за образование и наука Мила Царовска, на која беше презентирана Националната платформа за учење од далечина, како одговор на новинарско прашање за најавените субвенции за компании за вработување на малцинствата.

– Субвенции ќе има по работни места, ќе имаат предност квалификуваните работници или граѓаните, така што верувам дека во духот на општество ориентирано кон граѓаните ќе ја реализираме и оваа програмска определба на Владата, изјави Заев.

Премиерот најави дека субвенциите ќе има и за Македонците, за Албанците, за Турците, за Србите и за Власите, Ромите, Бошњаците, за сите во нашата земја, и, подвлече, тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани.

– Не само преку делот на субвенции и поддршка на отворање на фабриките, туку и преку Законот за стратешкитие инвестици. Разговараме за неколку стратешки инвестиции, како што е ставање во функција преку стратешки партнер на Тутунскиот комбинат во Куманово за да ја реактивираме дејноста на тутунот „Отља“, како се вика самата класа на тутунот што се изработува, но и да се вработат граѓаните на целиот кумановски регион. Таму ќе се вработат и Албанци и Срби и Македонци, пред се во нивната квалификација, но регионот има најмногу невработени во државата и таму ќе алоцираме средства, појасни Заев.

Ги наведе како примери и проектот на „Еколог“ од 300 милиони евра што, како што рече, го преговараат преку Законот за стратешки инвестиции во тетовскиот регион или проектот СТП дигиталниот центар во Карпош заради вработување млади пред се со информатичките технологии или Центарот во Неготино.
– Субвенции ќе има за сите етнички заедници, за сите иницијативи, ќе продолжи регионалниот пристап, ќе гледаме низ регионите и низ потребата од квалификувана работна сила, но и на мотивацијата на граѓаните да се квалификуваат за потребите на пазарот на трудот. Едниот дел преку мерките од Агенцијата за вработување, вториот е низ образовниот процес да продуцираме кадри кои во иднина ќе имат лесно барање на работа. Да продожиме на ваков еднаков пристап, имаме заедничка програма, која дава конкретен исчекор и одговор на решавање на проблемите на граѓаните, како граѓани. Ние сме едно еднакво општество и ќе продолжиме во тој правец да ги развиваме своите политики, рече Заев.

Владата ги помага и ќе им помага на компаниите за вработување на сите невработени лица, преку еднаков пристап кон сите граѓани и компании, кои имаат потреба од таква поддршка. Ова вчера го потенцираа од Владата за МИА, која побара појаснување за тоа дали принципот за правична застапеност влегува и во приватниот сектор, нешто што претходно го најави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.

– По однос на економските политики, Владата ги помага и ќе ги помага компаниите за вработување на сите невработени граѓани, преку еднаков пристап кон сите граѓани и компании кои имаат потреба од таква поддршка. Општествата во услови на криза треба да се засноваат на компетитивност на квалитети од различна припадност, како и на поддршка на најранливите заедници,велат од Владата.

Појаснуваат дека согласно програмата за работа на Владата во делот за еднакво општество е наведено дека: „Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеноста и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“.

Претходно, Груби најави субвенционирање на вработувањата во приватниот сектор на припадници на другите етнички заедници во земјава, но рече дека не е познато како тоа ќе се реализира.

– Се уште не сме размислувале за мерките, вчера за време на дебатата беа разгледувани различни идеи на кој начин би можело да се помогне правичната застапеност на сите заедници и во приватните компании, посебно во тие каде и државата има удел, дали по критериумите на распределба на работата, дали преку субвенционирање, сепак останува да се види која е најдобра можна опција за да имаме и правично и адекватно застапување на сите заедници и во приватниот сектор, рече Груби, кој смета дека бројот на претставеноста на заедниците во приватните компании е многу мал.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ