• Latest

Извештајот на ДКСК за политичко финансирање укажува на низа неправилности во изборната кампања

October 21, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Извештајот на ДКСК за политичко финансирање укажува на низа неправилности во изборната кампања

October 21, 2020 17:29
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси го презентираше Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија–2020 година.

„Од анализата на податоците доставени до ДКСК од спецификацијата кои произлегуваат од донации има интересни ситуации. Оваа година се направи измена во Изборниот заканик каде се зголемија изворите за финасирање на изборната кампања. До минатите избори како извори можеа да бидат донации од правни и физички лица или кредити кои ги земаат политичките партии. За овие извбори изворите беа проширени, односно од чланарината од донации, но и од средства од редовната сметка на политичките партии“, изјави Катица Николовска, ДКСК.

Како што стои во извештајот во тек на изборниот период до ДКСК биле доставени 32 поднесоци со наводи за сомневање за сторени прекршувања и непочитување на членовите 8-а и 8-б од Изборниот законик и одредбита од член 34 од Законот за спречување корупција од коио 5 поднесени од организатор на изборната кампања, 6 поднесоци доставени како приговори по кои  ДКСК постапувала како по редовни пријави бидејќи не биле поднесени од организатор на избори и 21 пријави од физички/правни лица.

„По однос на петте приговори, за три приговори се отфрлени наводите, бидејќи сметавме дека се неосновани. За една од трите одлуки подносителот достави тужба од Управен суд и истата беше отфрлена како неоснована. Две одлуки ги прифативме како основани меѓутоа е доставена една иницијатива до Владата за утврдување одговорност на избрано лице за повреда на член 8-а за користење службено возило за изборни цели, а за другата одлука, исто така беше доставена жалба до Управен суд беше одбиена“, образложи Николовска.

Николовска рече дека во одредбите за овие избори  учесниците во изборната кампања се должни да достават четири извештаи, два извештаи за примени донациии, еден за трошоци и приходи од 20 дена по завршувањето на изборната кампања и еден вкупен кој се доставува во рок од 30 дена по затворањето на трансакциските сметки за што рокот истекува на 25 октомври.

Б. Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ