Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил извести дека е позитивен на Ковид-19.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, напиша министерот Спасовски.












