Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС, на Денот на граѓанските организации, во организација на Цивика Мобилитас, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека проблемот во нашата држава е во надминување на политичката нетолеранција и различност.
На прашањето колку и дали е возможно да се обединат различностите во нашето општество, кое е дел од иницијативата на ЦИВИЛ „Обединети во различност“, Кржаловски даде неколку примери дека тоа е возможно и треба да се промовира и негува.
„Сум присуствувал на многу такви епизоди на навидум не помирливи различности почнале да соработуваат. На почетокот беа тоа родовите прашања, мажи –жени и дали се разбираме, потоа верските заедници, на пример, како потешка целна група, но која демонстрира дека кога сака навистина може да биде пример за соработка за останатите, преку толеранција на едните кон другите, за коегзистенција на различностите.
Во последно време станува актуелно со борбите во Сирија и повратниците од таму и зголемувањето на тероризмот, па во споредба со нашиот конфликт во 2001 и соработката на поранешните борци од ОВК и луѓе од нашите безбедносни сили, значи се демонстрира дека сето тоа може да функционира, дури и луѓе кои се гледале преку нишан на некој начин да почна да соработуваат заедно. Мислам дека тоа многу повеќе треба да се промовира и негува во нашата држава и да се сузбие, иако сметам дека во моментот не е толку проблем било каква друга нетолеранција или различност, најголема е политичката и треба таа примарно да ја надминеме“, изјави Кржаловски.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа Б. Јордановска
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени од страна на ЦИВИЛ, односно Редакцијата ЦИВИЛ Медиа, не мора да значи дека ги одразуваат оние на донаторите или спонзорите на ЦИВИЛ и на медиумската платформа на организацијата.