• Latest

Според Брисел нема надеж за преговори годинава, Плевнелиев смета дека Софија треба да се откаже од ветото

November 30, 2020
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Според Брисел нема надеж за преговори годинава, Плевнелиев смета дека Софија треба да се откаже од ветото

November 30, 2020 16:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ за МИА потврдија дека Северна Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од страна на Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел се состанаа денеска да ги разгледуваат заклучоците што треба да бидат усвоени на 8 декември од страна на министрите за европски работи.

Од заклучоците е отстранета опцијата за вклучување на датум за одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија поради ветото на Софија за Скопје, датумите ќе бидат вклучени во самите преговарачки рамки кога тие ќе бидат усвоени, објаснуваат дипломатите од земјите членки на ЕУ.

– Со оглед на ситуацијата можам да кажам дека нема многу надеж за меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите со Северна Македонија оваа година поради ветото на Бугарија, вели за МИА дипломат од западна земја членка на ЕУ.

Бугарија на денешниот амбасадорски состанок повторила дека нема да даде зелено светло за Северна Македонија на идниот министерски состанок на 8 декември.

Се наоѓаме во историски момент. Бугарија носи голема одговорност за тоа што се случува во регионот. Решенијата кои ќе бидат донесени оваа недела во Софија, Скопје, Берлин и Брисел, со сигурност ќе го сменат правецот на развој. Се надевам дека ќе биде за добро. Посакувам успех, наведува поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев во анализа за софиски „24 часа“.

– Многу добро ги помнам темните години на режимот на Груевски, и затоа премиерот Заев за мене е светлина во тунелот, надеж за подобра иднина и му посакувам успех. Но, зад секој успех стои правилен план и пристап како да успееш, пишува Плевнелиев.

Тој смета дека политичкото раководство на Скопје направило погрешен чекор и историска грешка пред 25 години, кога решило да се конфронтира со Грција, како земја членка на ЕУ и НАТО, заборавајќи дека основни принципи на тие организации се консензус, компромис и добрососедски односи.

Според Плевнелиев, ако тогаш бил избран компромис и соработка со Грција, Република Северна Македонија ќе се присоеднела кон ЕУ заедно со Бугарија, Романија или Хрватска, ако не и пред нив.

– Лидерите на земјата денес се исправени пред истата дилема – да се конфронтираат или да соработуваат со Бугарија, земја-членка на ЕУ и НАТО, смета Плевнелиев.

Тој во анализата додава дека раководството во Скопје не треба да очекува оти Бугарија „ќе се откаже од богатата историја под меѓународен пристисок“.

– Не е добар план премиерот Заев да продолжува да настојува за македонско малцинство во Бугарија, бидејќи тоа никогаш не постоело. Во Скопје се загрижени дека Бугарија нема да го признае нивниот идентитет и јазик. Тоа не е вистина, пишува поранешниот бугарски претседател.

Плевнелиев во анализата наведува дека во Бугарија владее „длабока разочараност“ затоа што Договорот за добрососедство не ги дава очекуваните резултати.

– Нема променет однос кон историјата, нема промена во учебниците, видлив е говорот на омраза кон граѓаните со бугарско потекло и останува наративот проектиран од времето на Тито дека сме „татари, фашисти и окупатори“, додава Плевнелиев, потенцирајќи дека она што го сака Бугарија е навистина да почне да се применува Договорот и да даде резултати.

Според него, постои добро и лошо сценарио во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.

– Лошото сценарио е ако Скопје реши дека добитната стратегија е да продолжи да се претставува како жртва на Грција во минатото, а денес на Бугарија. Ќе организираат кампањи, ќе лобираат, како што правеа во последните 30 години, но ќе загубат драгоцено време за неопходните длабоки реформи. Тој статус кво ќе биде во интерес само на Србија и Русија, кои продолжуваат да поттикнуваат антибугарски чувства и да отцртуваат линии на поделба во Република Северна Македонија. За разлика од Скопје, Тирана ќе продолжи со реформите. Ако Северна Македонија задоцни премногу во споредба со Албанија во процесот на интеграција кон ЕУ, тоа може да предизвика голем проблем, кој дури може да го доведе во прашање нејзиниот територијален интегритет, што ќе биде недозволиво за демократскиот свет, оценува поранешниот бугарски претседател.

Според него, сега не смее да се пропушти моментот за решавање на недоразбирањата меѓу Скопје и Софија, бидејќи следната година може биде потешка затоа што „има веројатност во Бугарија да има нова влада од леви и десни популисти под шапката на претседателот популист Радев, кој веќе и јавно повикува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ да биде запрен, се додека не биде постигнато јасен обрзувачки билатрален договор меѓу Бугарија и Република Северна Македонија за расчистување на сите билатерални прашања“.

Од друга страна, Плевнелиев смета дека „доброто сценарио“ би било властите во Скопје да започнат „длабоки реформи, насекаде воведувајќи европски вредности и принципи – во политиката на земјата, во институциите, во учебниците, во тајните служби, во општеството, во пристапот кон историјата“.

Според него, ако земјава сака да се присоедини во ЕУ треба да воспостави владеење на правото и почитување на човечките права и правата на малцинствата, вклучително и „на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско потекло“, како и да работи на спроведување на Договорот со Бугарија и на поврзување на двете земји, преку реализација на проектот за Коридорот 8.

– Вистината за историјата, а не за манипулираната историја, е здрава основа за изградба на следни поколенија граѓани на Република Северна Македониа и таа треба да влезе во нивните учебници наскоро, ако не веднаш, додава Плевнелиев во анализиата.

Поранешниот бугарски претседател оценува дека ако земјава „даде гаранции и јасен ангажман за тоа“, вратата за преговори со ЕУ може да биде отворена во декември.

Според Плевнелиев, добар почеток ќе биде ако премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов продолжат да разговараат, преговараат и прават компромиси – „Заев да покаже добра волја со елиминирање на вештачкото прашање за македонското малцинство во Бугарија, а Борисов да ја прифати реалноста во Северна Македонија“.

Тој смета дека во заедничката Комисија за историски и образовни прашања теба да бидат вклучени признати историчари од Европа, со цела таа да почне побрзо да дава објективни резултати, додавајќи дека Софија сепак треба да има повеќе трпение.

– Софија треба да сфати дека позитивните резултати нема да дојдат веднаш, но ако ги добие соодветните гранции ќе треба да даде шанса. Ако Република Северна Македонија биде запрена или драстично забавена на патот на европската интеграција, тоа ќе им служи целосно на интересите на Србија, Русија, Турција и другите, и ќе ја ризикува кревката стабилност на Балканот. Со тоа Бугарија ризикува да не биде сфатена во ЕУ и НАТО и повторно да се најде на погрешната страна на геополитичката шаховска табла, со тешки последици за неа, предупредува Плевнелиев.

Според него, Бугарија има стратегиски интерес за мир и стабилност во нејзиното опкружување, вклучително и во Република Северна Макеоднија, што ќе биде можно само ако земјава „целосно се интегрира во ЕУ, колку побрзо, толку подобро“.

Плевнелиев нагласува дека Бугарија била „многу помалку подготвена“ за старт на преговорите со ЕУ кога тие започнаа во 1999 година, отколку што тоа сега е Република Северна Македонија, затоа што веќе е членка на НАТО.

– Нам тогаш ни дадоа шанса и тоа беше целосно геополитичко решение, со затворање на очите за многу повеќе несовршености кои Бугарија ги имаше на датумот на почеток на преговорите, отколку што Република Северна Македонија ги има денес, признава Плевнелиев во анализата за „24 часа“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ