ЦИВИЛ ги набљудува предвремените локални избори во Штип и Пласница со 30 мобилни набљудувачи, ќе спроведе мониторинг на изборите што ќе се одржат на 13 декември во Штип и Пласница. Еден дел од набљудувачите се активни од првиот ден на официјалната изборна кампања која започна на 21 ноември, а ќе се набљудува и гласањето на болните од Ковид-19 на 11 декември и на 12 декември кога гласаат болните и лицата на издржување затворска казна. Набљудувачите ќе ги мониторираат изборите во 16 категории, вклучувајќи ги почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, корупцијата, говорот на омразата, ширењето лажни вести и дезинформации.
ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот во попладневните часови на 12 декември во штипскиот хотел Оаза. Првата прес конференција ќе се одржи во 19 часот, в сабота, 12 декември. Претходно, во петок и во сабота, на 11 и 12 декември, ЦИВИЛ ќе одржи последни консултации со новите набљудувачи, а секако ќе биде на располагање на медиумите за изјави и на заинтересираните граѓански новинари за насоки како можат да се вклучат во набљудувањето. Прес центарот во Штип ќе го покрива и гласањето и во Пласница.
На денот на гласањето, ЦИВИЛ ќе одржи 5 прес конференции и тоа во: 11, 13, 17, 19 и 21:30 часот, по што ќе се одржи и панел дискусија со почеток во 22 часот.
ЦИВИЛ веќе одржа обука за изборните набљудувачи на претстојните избори за градоначалник во Штип и Пласница, но ги повикува и охрабрува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат изборни нерегуларности во текот на кампањата или на денот на гласањето на онлајн формуларот на веб страницата Слободни избори.
Сите активности на ЦИВИЛ ќе бидат достапни и на медиумската платформа на организацијата, а дел од нив ќе можат да се следат и во живо на Фејсбук страницата ЦИВИЛ МК.
ЦИВИЛ Тим за комуникации