• Latest

Секоја одлука на Судскиот совет што има за цел поефикасно и праведно судство е за поздравување, вели Маричиќ

December 25, 2020

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Секоја одлука на Судскиот совет што има за цел поефикасно и праведно судство е за поздравување, вели Маричиќ

December 25, 2020 12:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во врска со вчерашното разрешување од страна на Судскиот совет на судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид, рече дека ја поздравува секоја одлука на Судскиот совет што има за цел да ја подобри ефикасноста, законитоста и праведноста во постапувањето на судиите, не коментирајќи го конкретниот случај, пренесува МИА.

– Овој случај, како и други случаи во кои се разрешуваат судии зависи од Судскиот совет и од механизмите утврдени со Законот за Судски совет и со Законот за судови. Ја поздравувам секоја одлука на Судскиот совет што има за цел да ја подобри ефикасноста, законитоста и праведноста во постапувањето на судиите и мислам дека тоа е нивна основна задача, така што без да го коментирам конкретниот случај и да заземам страна, бидејќи ниту е работа на министерот за правда да се меша во овие случаи, ниту пак да пресудува. Би сакал да кажам дека доколку разрешената судијка мисли дека и се прекршени правата или е неправедно разрешена има можности и механизми како да се жали, а секако Судскиот совет и останатите истанци во рамките на оваа постапка ќе може да го кажат своето мислење и мислам дека точно ќе треба да ја утврдат одговорноста, ако веќе и не ја утврдиле со оглед на одлуката за разрешување, рече Маричиќ.

Според него, секој има право да се докаже во процедура дали смета дека можеби Судскиот совет погрешил.

– Мислам дека Судскиот совет кога носи вакви одлуки најчесто особено по новите стандарди од 2019 година наваму кога веќе доаѓаме до бројка од десет разрешени судии, има јасни критериуми, има јасна постапка и сигурен сум дека ги разгледува соодветно и аналитично сите околности пред да донесе ваква одлука затоа што разрешувањето е една крајна форма на одговорност. Така што штом се одлучил на ваков чекор сигурно имале цврсти аргументи, истакна тој.

Маричиќ потсети дека затоа постојат и механизмите за жалба и механизмите за докажување на исправноста на постапувањето на секој од судиите.

– Сепак, тоа е работа на системот воспоставен од Судскиот совет и јас верувам дека ќе се расчисти овој случај до крај. Сигурен сум дека ќе имаме и понатаму случаи слични во кои ќе има различно мислење на оние кои би биле разрешени од Судскиот совет, тоа е нормално. Но, затоа постои системот за да можат да се докажат, имаат право и пред судски истанци и понатаму да ја бараат правдата, но системот треба да покаже функционалност, одговорност и секако законитост, вели Маричиќ.

Министерот, во однос на филтрирањето на судиите и генерално зајакнување на стандардите за одговорност, отчетност и транспарентност и етика во судството, рече дека идејата е токму тоа да се избегнат ситуациите каде што случаите застаруваат заради субјективни причини, заради некоја причина поврзана со влијание на судиите или на обвинителите.

– Целта на овој процес е да се отстрани тој фактор на застарување на случаите преку влијание на судиите и обвинителите, така што одговорот на вашето прашање за секој поединечен случај треба да го даде Судскиот совет, но мислам дека генерално идејата е да се отстрани оваа појава, одредени случаи да застаруваат заради непостапување на судиите и обвинителите. Дали тоа ќе значи промена на праксата од страна на одредени судии или, пак, нивно разрешување на тоа одговор треба да даде Судскиот совет по планот и по методологиите што самиот ги усвои, истакна тој.

Министерот потсети дека по изборите е започнат процес на консултација и со Судскиот совет и со Советот на јавни обвинители за сите правила и сите недонесени подзаконски акти, што беа утврдени пакетот закони усвоен во текот на 2019, вклучувајќи го и Законот за Јавно обвинителство што беше донесен оваа година во февруари, во сите овие закони постојат стандарди или постојат подзаконски акти што треба да ги додефинираат овие стандарди.

– Во тек е и донесувањето на методологијата за сложеноста на предметите и тој процес финишира со усвојување на дел од овие акти и со планот за проверка на работата на судиите и претседателите на судови што е всушност планот за филтрирањето, усвоен од страна на Судскиот совет минатиот петок, а кој ќе биде потврден и поддржан од Советот за реформи во правосудството во понеделник. Тоа е рамката по која Судскиот совет постапува и токму затоа, бидејќи прво разрешување од усвојувањето на овие документи минатата недела е ова што се случи вчера мислам дека беше ред и нормално да се поздрави и да се охрабри или да се даде поддршка на овој чекор на Судскиот совет бидејќи навистина покажува на дело воведување или враќање на стандардите во судството, што е секако процес што не се завршува за еден ден или преку ноќ, меѓутоа најавува добар почеток, заклучи Маричиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ