На конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021, Катерина Колозова, универзитетска професорка се осврна на перспективите во однос на дигитализацијата и максималното искористување на технолошките алатки во што интезивно треба наредната година да се вклучи и нашата земја.
„Ќе се забрзува долгорочната цел на европската истражувачка област во насока на таканаречената дигитална и зелена треанзиција на континентот и на ниво на ЕУ и тоа како резултат на искуството со Ковид-19. Пандемијата ни покажа дека можеме да бидеме продуктивни како општества, индустрии, институции… ако ги исцрпуваме до крај во сиот нивен капацитет алатките што ни ги дава ИТ општеството и технолошкиот развој на тој план… Очекувам и се надевам дека кај нас ова ќе биде главниот процес во општеството идната пролет, идната година и дека ос тоа ќе фатиме неакаков приклучок во речиси идентичните процеси само на повиско ниво кренати што се одвиваат на ниво на земјите членки на ЕУ и другите челнки на истражувачката и високообразовната област во Европа во коишто Македонија е рамноправен член“, беа дел од очекувањата на Колозова за 2021 година.