• Latest

Пуштена во употреба модуларна ковид-болница во Кичево, донација на Германската амбасада

December 29, 2020

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пуштена во употреба модуларна ковид-болница во Кичево, донација на Германската амбасада

„Без поддршката на Германската амбасада и без соработката со локалните институции ние како Центар за граѓанска иницијатива не би можеле да направиме ништо, а сето ова што го правиме е за доброто на граѓаните“, истакна Павлоски.

December 29, 2020 16:40
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес беше предадена во употреба новоизградената модуларна ковид-болница во кичевската општа болница. На денешното отварање на модуларната болница присуствуваше амбасадорката на Германија во земјава, Н.Е. Анке Гизеле Холштајн, со чија помош беа обезбедени средства за финализација на овој објект. Проектот го реализираше граѓанската асоцијација Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

„Повод за оваа средба е донацијата на Владата на Република Германија за граѓаните на Кичево и околината, за модуларна болничка единица со сместувачки капацитет од дополнителни 15 места. Со оглед на последните загрижувачки статистики за ковид-19, се надевам дека оваа дополнителна единица ќе овозможи побрзо згрижување на сите пациенти и укажување на потребната медицинска помош. Оваа донација е по иницијатива на сојузната Влада за време на германското претседателство на Советот на ЕУ, за помош на државите од Западен Балкан при пандемијата од ковид-19. Со оглед на актуелните состојби, главен акцент на нашето претседателство е справување со пандемијата и со нејзините последици. Германија досега го поддржа регионот со 15 милиони евра, а освен тоа и ЕУ со 3,3 милијарди евра, во кои Германија учествува со скоро една третина“, рече амбасадорката Холштајн.

Инаку вкупната вредност на оваа донација е 41.000 евра, а се имплементира преку Министерството за надворешни работи на Германија. Директорот на кичевската општа болница им се заблагодари на сите што дале голем придонес во изградбата на оваа нова модуларна ковид-амбуланта, од градоначалникот Фатмир Дехари, до амбасадорката на Германија и сите останати.

„Во оваа прилика сакам да одадам јавно признание за одличната соработка од германска и македонска страна, која беше потпомогната од граѓанската асоцијација Центар за граѓанска иницијатива Прилеп, кои што беа иницијатори за оваа донација. Проектот кој го финансираше германската амбасада опфаќа проширување на болничките простории, односно алтернативна нега на нашите пациенти и грижата за пациентите болни од ковид-19 – рече директорот на Општата болница д-р Станко Трпески.

Директорот на болницата Трпески, на германската амбасадорка и додели специјална благодарница за придонесот што го има во изградбата на оваа модуларна болничка единица.

Кристина Павлоски, заменик директор за програми на ЦГИ – Прилеп изрази задоволство до сите инволвирани страни за изградбата на модуларната болница во Кичево, додавајќи дека болницата се изгради за помалку од еден месец.

„Без поддршката на Германската амбасада и без соработката со локалните институции ние како Центар за граѓанска иницијатива не би можеле да направиме ништо, а сето ова што го правиме е за доброто на граѓаните“, додаде Павлоски.

текст, камера и монтажа: Дехран Муратов
фотографија: Горан Наумовски

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ