• Latest

Стевкова Штериева: Граѓаните и компаниите им должат 353.345 милиони денари, најмногу се земале станбени кредити

January 2, 2021

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Стевкова Штериева: Граѓаните и компаниите им должат 353.345 милиони денари, најмногу се земале станбени кредити

January 2, 2021 12:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните и компаниите на банките должат 353.345 милиони денари. Кредитите на ниво на банкарски сектор заклучно со ноември 2020 година забележале раст од 5,4 отсто. Раст, истовремено бележат и депозитите во банките, соопшти претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева, која вели дека е забележано воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста, а кај населението се доминантни потрошувачките кредити и станбените.

– Заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните кредити на ниво на банкарскиот систем достигнаа 353.345 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 5,4 отсто. Вкупните кредити на домаќинствата бележат пораст од 8,3 отсто во однос на истиот период минатата година и 7,6 осто во однос на 31 декември 2019 година. Наспроти тоа, вкупните кредити на нефинансиските друштва бележат пораст од 2,5 отсто во однос на истиот период минатата година и се намалени за 0,8 отсто во однос на крајот на годината. Во изминатиот период, може да се забележи воздржување од инвестициски активности кај корпоративните клиенти како резултат на неизвесноста поради здравствената криза, намален обем на работа поради намалени нарачки од деловните партнери од земјите во ЕУ, прекинати синџири на испорака на репроматеријали и слично, рече Стевкова Штериева.

Според неа, имајки го ова предвид, македонските компании голем или најголем дел од своите финансиски потреби ги покриваат со кредити од банките, што значи дека нивното работење зависи од поддршката што им ја даваат банките.

Стевкова Штериева вели дека актуелната криза уште повеќе ги зголеми и усложни нивните потреби за финансиска поддршка од банките и затоа банките ќе останат нивни партнери во одржувањето и развојот на бизнисот.

Кај населението, потенцира, остануваат доминантни потрошувачките кредити, а потоа се кредитите за набавка и реновирање на станбен простор, и потенцира дека во услови на изразен степен на неизвесност, банките секако остануваат подготвени да одговорат на потребите на граѓаните и на компаниите согласно прудентните економски и монетарни политики.- Очекувам да продолжи растот на кредитните пласмани кај компаниите и кај населението, рече Стевкова-Штериева.

Таа истакна дека довербата на граѓаните и на компаниите во банкарскиот сектор е во континуитет на високо ниво и дека заклучно со 30 ноември 2020 година, вкупните депозити на ниво на банкарскиот систем, без вклучување на депозитите од банки, изнесуваат 422.239 милиони денари, што е раст на годишно ниво од 6,3 отсто.

-Вкупните депозити на домаќинствата бележат пораст и во однос на истиот период минатата година за 5,4 отсто и во однос на крајот на годината 2,3 отсто. Вкупните депозити на нефинансиските друштва бележат пораст од 10,2 отсто во однос на истиот период минатата година и од 4,0 отсто во однос на крајот на годината. Може да се забележи дека учеството на денарските депозити останува доминантно споредено со девизните, со што се потврдува довербата на населението во денарот, вели претседателката на МБА, и посочи дека во анализи на бројни меѓународни аналитичари се истакнува дека намалувањето на патувањата, што се должи на затворањето на границите, ограничувањето на движењето на населението, како и на можностите за трошење на слободните финансиски средства имаат влијание врз зголемувањето на заштедите кај дел од населението.

-Секако, додаде, дека овие појави не ја одминуваат и нашата земја и дека намалената потрошувачка влијае на зголемувањето на депозитите на населението. Воедно, порастот на депозитите делумно се должи и на економските мерки на Владата за ублажување на негативните ефекти од здравствената криза. Но, зголемувањето на депозитите зборува, пред сѐ, за довербата која банките ја уживаат кај населението. Токму од овде произлегува и обврската на банките да се грижат за сигурноста на штедните влогови, за сигурноста на депозитите на своите комитенти. Најголем дел од изворите на финансирање во банките во нашата земја се депозитите. Затоа е особено важна нивната сигурност, рече Стевкова Штериева во интервју за МИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ