• Latest

Странските компании во земјава очекуваат опоравување од кризата во 2021 година

January 8, 2021

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Странските компании во земјава очекуваат опоравување од кризата во 2021 година

January 8, 2021 08:36
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прилагодливоста на опкружувањето и условите на глобално и локално ниво во текот на 2020 година дојдоа до израз и во работата на странските инвеститори присутни во земјава. Падот на производството се очекува да биде 20 до 25 отсто во однос на првобитниот план, оценува претседателот на Асоцијацијата на странски инвестиции, Виктор Мизо.

Според него, 2020 ќе остане во сеќавањата како година на тектонски пореметувања врз стандардниот модел на функционирање на мултинационалните компании.

– Во Македонија странските инвеститори беа сериозно погодени уште од самата појава на Ковид-19 во Вухан, преку проблемите во фукнционирање на ланецот на добавувачи од тој регион. Падот на приходите го достигна врвот во април и мај поради затворањето на западно-европските економии, како главен таргет пазар за пласман на производите на повеќето од присутните инвеститори. При ваквата констелација на односи, локалниот менаџмент на компаниите немаше многу простор за маневрирање. Рационалиација на системот на набавки, оптимизација на производството, намалување на трошоците беа само дел од мерките на кои беа принудени. Ова секако зависи од менаџерската поставеност на ќерката фирма во рамките на корпорацијата, појасни Мизо.

Со опаѓањето на бројот на заразени и зголемувањето на нарачките од европските клиенти, кон крајот на летото, посочи, се врати надежта за заздравување на индустријата.

– Но, ова беше само привремено. Есенскиот бран на пандемија значеше враќање на неизвесноста и стравувањата за многу инвеститори. Оние компании добавувачи од делот на автомобилската индустрија пред се’ повеќе насочени на хемиски и електронски технолошко напредни производи, поуспешно го балансираа ударот, што во помала мерка беше случај со трудоинтензивните компании и оние директно зависни од туристичкиот и транспортниот сектор, додаде претседателот на Асоцијацијата.

Тој забележа дека македонските претприемачи и менаџери, но и вработени, учејќи од искуствата од пандемијата треба да се менуваат.

– Еластичноста на моделите за работа и нејзино наградување, и тоа не само во приватниот сектор и т.н. слободни професии, туку и државната администрација, придружено со соодветно прилагодување на останатите сегменти од животот на просечниот македонски вработен, можеби ќе не направи далеку поподготвени за следните предизвици, сите нас, не само како поединци, туку и како фирми, економија или македонско општество во целост, посочи Мизо.

Глобалниот тренд на Ковид -19, кој брзо се прошири низ целиот свет во одредени моменти имаше различен интензитет во одделни географски региони. Во такви услови на пандемија, заклучи, државите реагираа рефлексно и инстиктивно, токму како и живите организми во нагонот за свој опстанок.

Како позитивен пример ја посочи компанијата „Костал“, со која менаџира, во овој период не се соочи со целосен прекин на оперативните активности во ниту еден момент. Македонската подружница на КОСТАЛ групацијата, е позиционирана како европски центар за најсофистицираното електронско производство.

– Благодарение на флексибилноста во управувањето, длабинскиот пристап на анализирање на ризиците и можностите, може да се каже дека КОСТАЛ Македонија годинава релативно подобро се снајде од конкуренцијата, притоа одржувајќи го растот на вработени и инвестиции. Од 500 на крајот на 2019-та, бројот на вработени достигна 830 на крајот на годинава со дополнителни над 10 милиони евра инвестции. Сепак, и покрај сите напори растот на приходите беше помал за околу 20 проценти од планираните, нешто што ќе се рефлектира и на развојните планови за претстојниот период, нагласи Мизо.

Посочи дека компанијата годинава почнала со тест производството на полначи за електрични и хибридни возила – On Board Chargers – полупроизвод во авто-индустријата со висока техничка комплексност и додадена вредност, што придонело за зголемана соработка и обем на размена со локалните добавувачи. Во услови на глобална пандемија, ги зголеми приходите споредено со претходната година за околу 70 отсто, односно очекувано е да достигне 60 милиони евра вкупни приходи до крајот на годината и над 105 милиони евра за 2021 година.

Одреден оптимизам за побрзо закрепнување на индустријата, според него, даваат државните интервенции, поттикнати од Асоцијацијата на странскии инвеститори, како што се временото намалување на царинските стапки на увоз на определени материјали, предвремена исплата на државната помош врз основ на побрзо реализирани инвестиции од планираните и слично.

– Во секој случај очекувањата за 2021 се пред се’ позитивни и рефлектираат значителен оптимизам токму поради првично позитивните предвидувања, но сепак растот нема да се врати на сценаријата пред нивото од пандемијата, за кое со сигурност ќе бидат потребни повеќе од три години опоравување. Дополнителните рестриктивни мерки, кои се воведени во Европа за декември 2020 и јануари 2021, а можеби и подолго, се дополнителен ризик, заедно со брзината на имплементација и ефикасноста на вакцините. Паралелниот развој на неколку вакцини (САД, Британија, Германија, Русија и Кина) и давајќи приоритет на своето население, е само доказ повеќе дека ваквите глобални закани ќе ја продлабочуваат поделбата и ќе придонесат кон нерамномерно опоравување и раст, заклучи претседателот на Асоцијацијата на странски инвестиции во земјава Виктор Мизо.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ