Стефани Спировска од Младински образовен форум вели дека беа дел од иницијатива на неколку граѓански организации за млади каде се бараа конкретни решенија и мерки во конкретни области за младите.
„Тука влегуваат повеќе области како што е квалитно образование, полесно вработување, до локална и национална поддршка на младите, до потикнување на волонтерство и сл. Има листа на барања на кои веќе работат одредени младински организации и во тој дел треба институциите да ги сослушаат и поддржат младите“, вели Спировска.
Таа вели дека има голема надеж во Законот за младинско учество и младински политики, и очекува да се зголеми и подобри квалитетот на образованието.
„Ова се топ 3 нешта што би сакала да се остварат во 2021 година, но и само дел од ова да се реализира сепак ќе бидеме чекор понапред од она што сме останале со кризата. Не смееме да заборавиме дека кризата не ги унапреди младите во оваа година туку многу процеси уназади и сега останува колку може да извлечеме и да видиме што ќе ни биде приоритет“, нагласи Спировска.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Трпе Стојкоски
фотографија: Горан Наумовски












