„Младите треба да излезат од апатичната состојба во која се наоѓаат, поголемиот дел од младите се апатични и не учествуваат во креирањето на политики и воопшто не следат политика, дури не ни излегуваат да гласат“, истакна Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ.
Тој вели дека на младите најлесно им е да се преселат, но додава дека младите во странство внимаваат и следат што се случува во општеството.
„Секогаш треба да се водиш по тоа дека треба да го смениш местото каде што си. Кај нас поголемот дел од младите не сакаат ништо да прават, а сакаат сè да им е добро и супер, сакаат другите да им ги завршат работите за нив.
Нема ништо лабаво, мора да се работи ако сакаме да смениме нешто и мислам дека младите во Македонија се доста будни. Мора да се потрудиме да ги промениме работите во местото каде што живееме, ако не за нас, барем за генерациите што ќе дојдат после нас“, нагласи Климента.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Трпе Стојкоски
фотографија: Горан Наумовски












