• Latest

Шахпаска: Тие што ќе работат во недела ќе добиваат и поголема дневница и слободен ден

February 10, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Тие што ќе работат во недела ќе добиваат и поголема дневница и слободен ден

February 10, 2021 11:51
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„На законското решение, недела да биде ден за неделен одмор како Министерство за труд и социјална политика работиме изминатите три месеци. Преку бројни средби, дебати, состаноци, разговаравме со синдикатите како претставници на работниците, коморите, организацијата на работодавачи, всушност со сите засегнати чинители во општеството, сериозно дебатиравме за сите слабости и предности на ова решение. Недела-слободен ден за работниците, да бидат заедно со своите семејства, да ги продолжат оние семејни традиции на кои што изминатиов период во трка со времето се запоставија“, потенцираше министерката Шахпаска во утринската емисија на Сител ТВ, зборувајќи за измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува недела да биде ден за неделен одмор.

Таа посочи дека ова законско решение мора да има исклучоци со цел за непречено функционирање на државата и онаму каде што техничко – технолошкиот процес мора да продолжи, снабдувањето на граѓаните со електрична енергија, водоснабдувањето, собирањето на комуналниот отпад, здравствената и социјална заштита, функционирањето на малите групни домови, медиумите, културните институции, угостителството. Ќе продолжат да функционираат сите оние дејности кои што претставуваат задоволување на елементарните потреби на секое семејство. Притоа, нагласи таа, сите што ќе работат во недела, ќе имаат надомест на плата согласно Закон и колективен договор, а дополнително овие работници ќе имаат и слободен ден за одмор.

Во однос на прашањето во врска со пакетите економска помош за ранливите категории на граѓани во време на пандемија министерката истакна дека од почеток два главните приоритети биле насочени кон зачувување на секое работно место и помошта и поддршката на ранливите категории на граѓани.

Во таа насока биле креирани мерки како субвенционирање на плати и бескаматни кредити со цел помош на компаниите, да не ги испуштаат работниците и да се зачува секое работно место. Истовремено, креирани биле и мерки за активните и пасивните баратели на работа, пензионерите со пониски пензии од 15.000 денари, примателите на државна социјална пензија, самохраните родители, примателите на социјална помош. Петтиот пакет економски мерки ги опфаќа сите оние граѓани кои имаат заостанати долгови кон јавните претпријатија, институции и општините, и предвидува бришење на каматите на долгот и можност за оддложено плаќање на 12 рати, што во време на Ковид 19, претставува уште едно олеснување и поддршка кон граѓаните со цел полесно премостување на кризниот период.

„Министерството за труд и социјална политика во декември донесе законски измени на Законот за социјална и Законот за детска заштита со кои го олеснивме пристапот на граѓаните до социјална помош, ги спуштивме критериумите за влез во системот на социјална заштита. Социјалната реформа донесена 2019 година беше ставена на тест токму во време на пандемија и се покажа како можне ефикасна во полесно пребродување на кризата. Таа беше за 300 проценти зголемена, олеснат беше пристапот до образовен додаток и се воведе државната социјална пензија. Пандемијата не научи дека системот мора да функционира“, истакна министерката Шахпаска.

Таа на тема пензии и нивна исплата, им порача на пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно, зголемени согласно Закон, кое што беше укинато од претодната власт. Тоа значи усогласување на пензиите со растот на тошоците на живот, двапати во годината, раст на пензиите со раст на БДП повеќе од 4 отсто и третата можност за раст е со раст на минималната плата од 15 отсто и просечната 5 отсто.

„Ниту Груевски кој побегна, ниту Заев како актуелен премиер кој се бори во најголемата криза, ниту министерката за труд и социјална политика им ги дава пензиите на пензионерите, тие тоа си го одработиле и заслужиле во нивниот работен век“, рече Шахпаска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ