• Latest

Даштевски ќе бара средба со претставници на Владата, доколку Министерството за финансии не ги одобри средствата предвидени за гласање со „отисок на прст“

February 10, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Даштевски ќе бара средба со претставници на Владата, доколку Министерството за финансии не ги одобри средствата предвидени за гласање со „отисок на прст“

February 10, 2021 15:09
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државна изборна комисија денеска ја одржа втората седница на која меѓудругото се разговараше и за носење одлука за формирање на работна група за изготвување на ИКТ стратегија на ДИК за 2021-2023. Како што соопштија од ДИК работната група ќе биде формирана од нивниот ИТ сектор, ќе се побараат претставници од Министерството за внатрешни работи, МИОА, експерти професори од ФИНКИ и уште торица надворешни стручни лица експерти од ИТ областа.

„Работната група ќе биде посветена на изработка на ИТ стратегија која ќе понуди системско регулирање на постојното тековно работење на ДИК , но и стратегија која ќе се однесува директно за организација на изборите со цел да се отстранат сите можности и евентуални опасности и ризици од ИТ напади, односно да се обезбеди соодветна ИТ заштита по сите стандарди и по сите законски прописи“, објасни Борис Кондарко, член на ДИК.

Членот на ДИК, Бобан Стојановски, информираше дека ДИК, покрај јавниот увид што го прави во Избирачкиот список од 20 дена по распишување на изборите и должноста на 6 месеци да ги повикува граѓаните да се информираат и да ги проверат податоците во Избирачкиот список,  сака да ја врати довербата на граѓаните со почеста кампања, односно 4 пати годишно, јавна кампања што ќе биде објавена на веб страната на ДИК и во медиумите.

Председателот на ДИК, Александар Даштевски ја актуелизираше темата за барање средства од Министерството за финансии за 300 милиони денари за спроведување на изборната постапка отисок на прст.

„Ќе причекаме до петок да не известат по пошта, можеби ќе одлучат поинаку, ако не предлагам да се обратиме до повисоките институции. Во согласност со Изборниот законик институциите треба да соработуваат и да и помагаат на ДИК.  Ќе се обратиме до Владата, се размислуваше да се обратиме и до претседателот на Владата, не знам колку другите органи се упатени во тоа дека постапката е итна и дека ќе немаме доволно време за да го објасниме тоа, евентуално на претседателот на Владата или на потпретседателот задолжен за економски прашања да поразговараме доколку се во можност да ни помогнат. Би предложил би требало да разговараме и со претседателот на државата“, се изјасни Даштевски.

Заменик претседателката на ДИК, Дитмире Шеху сметаше дека треба да им се остави време на Министерство за финансии, бидејќи имаат уште законски рок за одговор, пред да се обратат до Владата, со оглед дека досега Министерството за финансии не ги одбило и ДИК има добра соработка со нив. Слични забелешки да не се брза, туку да се почека на одговорот на Министерството за финансии имаше и членот на ДИК, Радица Ристеска.

Даштевски и на првата седница на ДИк предупреди дека доколку Министерството за финансии не одговори позитивно на нивното барање, согласно Изборниот законик, ќе се обратат до други надлежни институции.

„Задолжително треба да се обезбедат овие средства, ако одбие Министерството за финансии ќе се обратиме до другите надлежни институции. Тоа народно кажано се однесува зџа фингерпринтењрот кој ќе ги олесни сите потешкотии во идентификација на гласачите. Со тоа ќе се скрати постапката и ќе бидеме сигурни дека се работи за тој гласач. Со тоа ќе се врати и довербата на гласачите во изборниот процес. Ова е една од неколкуте мерки што ДИК ќе ги преземе за враќање на довербата кај граѓаните“, истакна Даштевски на првата седница на ДИК.

Б. Ј.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ