• Latest
Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребите на пазарот на трудот

February 12, 2021

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребите на пазарот на трудот

February 12, 2021 10:12
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Share on FacebookShare on Twitter

„Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се наоѓа населението“, нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција.

„Како Министерство кое во фокусот ги има најранливите групи на граѓани, децата, работниците, пензионерите, лицата со попреченост, имаме реална потреба од попис организиран согласно стандардите на Обединетите нации и според правилата на Евростат“, истакна Шахпаска.

Таа додаде дека врз основа на податоците што ќе се  добијат  од пописот, Министерството за труд и социјална политика и Владата ќе можат да ги  градат идните политики и стратегии, кои ќе овозможат ефикасен одговор на потребите на граѓаните.

„Од одговорот на прашањето каква е старосната структура на населението, зависат нашите политики за проширување на капацитетите во предучилишните установи, за изградба на домови за стари лица,“посочи Шахпаска.

Министерката истакна дека потребите на пазарот на трудот и насоките во кои треба да се движат обуките и преквалификацијата на работната сила се важен предуслов за ефикасно намалување на невработеноста, но и за обезбедување економски раст.

Таа потенцираше дека преку пописот ќе добиеме одговор и за: Дали и колку е застапена родовата еднаквост на пазарот на трудот? Каква е состојбата со родовото одговорно буџетирање? Податоци од кои потоа ќе зависат нашите идни стратегии.

„Податоците од пописот ќе овозможат на вистински начин да ги планираме политиките во пензискиот систем, за да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани.

Како држава имаме обврска да се грижиме за лицата со попреченост и да обезбедиме нивна целосна инклузија. Тоа е возможно само со скенирање на реалната состојба на теренот“, изјави Шахпаска.

Таа посочи дека ова се само дел од прашањата чии одговори ќе ги добиеме со спроведувањето на пописот, а тоа ќе ни овозможи дефинирање на реалните потреби на населението.

„Пописот не е наш избор, тоа е наша обврска. Должни сме да креираме стратегии и политики кои одговараат на потребите на граѓаните и кои ни ја отвораат европската перспектива“, заклучи Шахпаска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ