• Latest

Шекеринска: Главните ризици се помалку конвенционални, а многу повеќе хибридни

February 23, 2021

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
Кралот Чарлс и Доналд Трамп ја проверуваат кралската гарда во Виндзор. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Доналд Трамп пречекан во замокот Виндзор од кралот Чарлс и видни членови на кралското семејство

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Главните ризици се помалку конвенционални, а многу повеќе хибридни

February 23, 2021 15:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Уште во стратешкиот одбранбен преглед што го носевме пред членството во НАТО, како подготовка на домашните реформи, кажавме дека главните ризици се помалку конвенционални, а многу повеќе хибридни и оти капацитетите за справување со овие ризици навистина мора да бидат помобилни, пофлексибилни и да одговараат на тие нови предизвици“, одговори министерката за одбрана радмила Шекеринска на новинарско прашање на ЦИВИЛ Медиа.

Од 2022 година, информира таа, ние главно ќе придонесуваме согласно побарувањата на НАТО и одбранбените способности кои од нас ги очекуваат, ќе придонесуваме со конвенционални сили. Меѓутоа, потенцира Шекеринска, и дома ги градиме капацитетите за овие нови закани – хибридни, сајбер закани.

„НАТО како сојуз вели вака, мора да се подготвуваш и за конвенционалниот ризик и за тоа да градиш капацитети, мора да се подготвуваш и за новите сајбер, хибридни закани. Ние како држава мораме да си ја гарантираме и сопствената безбедност, но како членка на НАТО сме дел од таа колективна одбрана, користиме ресурси на други држави, но и ние треба да придонесуваме“, појасни Шекеринска, која денеска заедно со амбасадорката на САД Кејт Брнз го посетија армискиот полигон „Криволак“ каде бea информирани за претстојните активности за реализација на вежбата „Одлучен удар – 21“.

Шекеринска потсети дека минатата недела го потпишавме Меморандумот за разбирање со НАТО околу помош на Северна Македонија во справување со сајбер предизвиците и им се заблагодари на САД што уште од 2018 година испраќаат тимови со кои ни помагаат да ги градиме овие капацитети.

„Ова не се капацитети кои се градат преку ноќ, ниту пак се градат лесно. Ќе ви кажам една информација дека и НАТО постојано е во потрага по дополнителни ресурси особено човечки ресурси за да ги насочи кон овие прашања. Меѓутоа, во делот на справување со сајбер и хибридните закани како релативно млада, мала држава со поскромни ресурси акцентот го ставаме да учиме од подобрите и затоа на овие теми соработувам и со САД, соработуваме и со ЕУ. Сега ја засилуваме и поддршката на НАТО. Тоа е предноста на членството во Сојуз, можеш да ги искористиш и да ги развиваш своите капацитети со помош на другите“, рече  Шекеринска.

Амбасадорката Брнз истакна дека е навистина понекогаш и впечатливо кога знаете дека кога две земји се целосно различни по однос на нивната големина како САД и Северна Македонија што се членки на НАТО, како што рече, имаат многу слични безбедносни предизвици.

„Навистина сметам дека е многу добро тоа што сте дел од еден сојуз за заедно да се справуваме со ваквите предизвици. Минатата недела министерката беше дел од НАТО министерскиот состанок каде што имаше можност да разговара со секретарот за одбрана на САД во однос на справувањето со идните предизвици и исто така ми претставува задоволство што и денес дури работиме со справување на тие предизвици“, изјави амбасадорката Брнз.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ