• Latest

Маричиќ: Сите да имаме доверба во пописот, да сопре политизацијата и оспорувањето

March 1, 2021
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Маричиќ: Сите да имаме доверба во пописот, да сопре политизацијата и оспорувањето

March 1, 2021 14:21
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Со попишување на затворени и притворени лица во Казнено-поправната установа К’шање во кумановско денеска официјално беше означен стартот на процесот на спроведување на пописот на населението и домаќинствата. Засега проценката на надлежните институции е дека се одвива во најдобар ред по правилата и протоколите пропишани од надлежните институции.

Од денеска во наредниве две недели, како што соопшти денеска директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, ќе бидат попишани 2.200 осудени и притворени лица во казнено поправни и воспитно поправни установи на територија на Република Северна Македонија. Пописот ќе се одвива во неколку фази и ќе бидат ангажирани четири овластени попишувачи во текот на овој процес.

Министерот за правда Бојан Маричиќ кој денеска заедно со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски извршија увид во текот на попишувањето во Казнено-поправната установа Кшање упати порака до граѓаните дека ова е многу важна операција и ги повика активно да придонесат за развојот на сопствената држава.

-Собирањето на овие информации е корисна за сите за да можеме да ги креираме политиките и во образовна смисла и во финансиска и економска, здравствена и сите други аспекти. Мислам дека сите дискусии завршија минатата недела откако и Евростат верификуваше со јавна изјава дека и законот за попис и методологијата според која се спроведува пописот се направени согласно највисоките стандарди. По таа верификација сите дилеми кои беа наметнати од политичките фактори се расчистени. Сите треба да имаме доверба во пописот затоа што професионално се изведува, според точно утврдени правила и стандарди со сите заштитни мерки поврзани со Ковид-19 и можеме на еден брз и ефикасен начин да го завршиме во интерес на граѓаните, рече Маричиќ.

Апелираше и до политичките фактори да, како што рече, се сопре со политизација на пописот и со дополнително негово оспорување и наспроти тоа ги повика да се обединат и да ја испратат истата порака – граѓаните активно да учествуваат во пописот.

Од денеска во функција е и регистарот за дијаспората, отворен на веб страницата на Државниот завод за статистика, а како што рече директорот Симовски, добиле информации оти нашите сограѓани од странство максимално ја користат оваа апликација за самопопишување.

-Да посакаме успех. Ова е операција што е во интерес на сите граѓани на државата – да ја завршиме како што треба, корист имаме сите. Ако одбиваме да се попишуваме си правиме штета само на себе си, порача Симовски.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ