Премиерот Христијан Мицкоски од Њујорк порача дека Македонија останува на европскиот пат, но дека истовремено ќе ги брани идентитетот и државните интереси.
Во настапот на самитот „Конкордија“, што се одржува паралелно со Генералното собрание на Обединетите нации, Мицкоски говореше за евроинтеграциите, односите со Соединетите Американски Држави, инфраструктурните и енергетските проекти, како и за економските резултати што ги презентира Владата.
Според неговата порака, земјата нема да се откаже од европската интеграција, но процесот треба да се темели на реформи, заслуги и почитување на државните интереси. Истовремено, јавноста и натаму очекува конкретни одговори: што точно значи „остануваме на европскиот пат“, кои чекори ќе следуваат и дали изјавите ќе бидат придружени со видливи резултати.
Токму затоа, денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ на ЦИВИЛ е:
Мицкоски од Њујорк: „Македонија останува на европскиот пат“. Му верувате ли – и зошто?












