• Latest

Заев: Пописот на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од земјава

March 2, 2021
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Заев: Пописот на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од земјава

March 2, 2021 12:01
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на попишување на дијаспората не може да биде нарушен со попишување на лица од територијата на земјава, бидејќи системот и компарацијата на податоците со дата базите тоа ќе го откријат и поништат, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Не ги знам сите технички детали, но, тоа што знам е дека по прибирањето на податоците се прави компарација по осум бази на податоци. Државата потоа со еден клик може да види кои граѓани се нерезидентни, односно се повеќе од една година надвор од државата. Сите други граѓани кои се во странство помалку од една година, па дури и 11 месеци, се резиденти. Иако во моментов може да се попише некој што е и два месеци надвор, според Евростат и по меѓународните стандарди тој е резидент, односно не спаѓа во групата дијаспора или нерезидентно население, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Народната кујна во Шуто Оризари.

Самата споредба на базата на податоци, дециден е премиерот Заев, ги дава деталите.

– Во моментот се попишува нашата дијаспора, односно граѓаните кои живеат надвор од земјата повеќе од една година, истакна Заев.

Во јавноста денеска излегоа информации дека на платформа за попис на дијаспората може да се попишуваат и лица од Македонија, на што реагираа и од Државниот завод за статистика од каде истакнуваат дека до апликацијата за попишување наменета за дијаспората, може да се пристапи само со ИП адреса од странство, а оти секое нарушување на процесот на прибирање на податоци е казниво со Законот за попис.

– До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, односно согласно член 49 од Законот за Попис на населението, „тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години“, наведуваат во соопштение од Државниот завод за статистика.

Од таму потенцираат дека внесувањето на податоци преку ВПН или прикриена ИП адреса, односно самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис и Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.

Од ДЗС посочуваат дека со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.

 

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ