• Latest

Заев: Пописот нема да се одложи, сите да се попишат и да ја исполнат граѓанската должност

March 24, 2021
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Заев: Пописот нема да се одложи, сите да се попишат и да ја исполнат граѓанската должност

March 24, 2021 13:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да има одложување на пописот, изјави денеска премерот Заев апелирајќи сите граѓани да учествуваат во оваа статистичка операција и да ја исполнат граѓанската обврска кон државата. Одложувањето рече, е беспредметно, затоа што, како што истакна, никој не може да гарантира дали наесен или следната пролет состојбата со пандемијата нема да биде иста како сега.

-Сега нормално самата пандемија е проблематична тоа не значи дека треба да се откажеме од пописот. Ако сега се откажеме следуваат есента избори, пролетта никој не може да гарантира дека нема да биде иста со бројки како сега, така што треба сите да ја преземеме одговорноста. Апелирам до сите да се попишеме затоа што на тој начин ја исполнуваме граѓанската одговорност кон нашата татковина, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на велешки „Брако“.

Според него, законот е јасен, во него е регулирана одговорноста, но пред се, треба да биде граѓанската одговорност пред државата.

-Затоа апелирам до сите Македонци да се попишат, апелирам до сите Албанци да се попишат, апелирам до сите Срби, до сите Роми што живеат во нашата држава Република Северна Македонија да се попишат. Така ќе покажат љубов кон татковината, така ќе покажат одговорност кон татковината и така ќе имаме податоци дека постојат. Благодарение на тие статистички податоци ќе можеме успешно да креираме политики. Сега креираме во магла, во облаци, не знаејќи ги точните бројки. Од нивното попишување зависи развојот на нивното општество, од нивното попишување на сите наши граѓани зависи иднината на нивната земја, на нашата земја, на РСМ. Кога треба да се чукаме во градите колку сме патриоти тогаш правиме се што треба, а кога треба да го направиме првиот вистински патриотски чекор кон државата и да се попишеме, тогаш ќе бараме мал милион изговори, рече премиерот додавајќи дека повикувањето на бојкот и блокирањето на попишувањето никого нема да направи поголем патриот.

Тој истовремено упати апел и да се попише целата дијаспора.

– Апелирам на целата македонска дијаспора Македонци, Албанци, Бошњаците, Србите, Турците, Власите, Ромите… сите да се попишуваат зошто имаме одговорноста пред татковината. Таа татковина за која што полна уста секогаш знаеме да искоментираме, пофалиме, искритикуваме или слично, истакна премиерот.

Според Заев, има решение и доколку се случи некои од комисиите да бидат заразени од коронавирусот.

-Ако не стигнеме до 21 април и пописната општинска во Чаир или Струмица е заразена може да се одложи за 14 дена, може да се пролонгира делот на самото попишување. Може да се најдат начини само пописот треба да се одржи. Ако одложиме за есента може да имаме исти бран како сега, ако до пролетта до година може да има исти бран како сега, истакна премиерот Зоран Заев.

Пописот во земјава треба да се одржи од 1 до 21 април. Во моментов во тек е попишувањето на дијаспората што започна на 1 март и ќе заврши на 21 април. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19, а одредени политички структури и граѓански движења повикуваат на бојкот. Последниот попис е одржан во 2001 година.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ