• Latest

Народниот правобранител отвори бесплатна СОС линија за деца

April 2, 2021
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија — Што значи тоа?

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Народниот правобранител отвори бесплатна СОС линија за деца

April 2, 2021 13:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска во канцелариите на Народниот правобранител во функција е бесплатната телефонска СОС линија за деца 0800 88 500. На оваа линија децата ќе можат да се јавуваат и да бараат совети од стручните лица или пак да укажат на евентуална повреда на нивните права.

Заменик народниот правобранител, Васка Бајрамовска-Мустафа на денешната прес-конференција посочи дека оваа линија е отворена токму по барање на децата и истата ќе можат да ја користат за да изнесат свои сопствени убедувања, ставови и размислувања за прашања кои ги засегаат нив, а за кои многу малку или воопшто не се прашани.

Таа исто така информира дека ова доаѓа како резултат на зголемен број претставки за повреда на правата на децата.

– Од досегашното работење несомнена е констатацијата за зголемен број на претставки за повреда на правата на децата поднесени од родители на деца, од роднини или нивни други блиски лица, како и од самите деца кои пак при нашите посети во основните и средните училишта во установите каде што се сместени и слично, бараат и укажуваат дека кај Народниот правобранител треба да има една бесплатна линија на кој ќе може да се јавуваат, да побараат совет, да изнесат свои размислувања за евентуални повреди и злоупотреби занемарување, додаде Бајрамовска-Мустафа.

Бесплатната телефонска линија за деца е реализирана во соработка со Македонски телеком кој го спонзорирал бројот, и со невладината организација „Мој живот“, која лани на Меѓународниот ден на детето во форма на петиција бараше да се создаде еден ваков проект.

– Сите ние се раководевме од една единствена цел, а тоа е да бидеме што поблиску до децата и младите, да ги слушаме да ги советуваме и правилно да ги насочиме во време кога сме им потребни повеќе од кога било, поради ново наметнатите  услови за живот, учење па и користење на слободното време, и секако негативното влијание и последиците од пандемијата Ковид-19, додаде заменик народен правобранител.

Според Бајрамовска-Мустафа, оваа телефонска линија ќе биде дополнителна поддршка за сите деца и ги охрабрува и повикува да ја користат секогаш кога ќе сакаат да разговараат, да бараат одговори за прашања и проблеми во врска со теми кои ги интересираат, па и во случај да споделат нешто што ги мачи, што ги прави да се чувствуваат тажно, вознемирено, или пак доколку сметаат дека нешто ги попречува во остварување на нивните права.

Таа информира дека стручни лица од Одделот за заштита на права на децата и лица со попреченост ќе бидат достапни за децата секој работен ден од 8 до 16 часот.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев порача дека оваа линија е добредојдена во време на пандемијата, кога стресот, изолација и новиот начин на живеење ги зголемуваат можностите за семејно насилство, онлајн насилство, неадекватни услови за едукација.

– Ние во Македонски телеком сметаме дека активно треба да учествуваме во заедничко решавање на предизвици а добросостојбата на децата да е секако најважна задача на едно општество. Како технолошки лидер секогаш ја ставаме технологијата во служба на луѓето. СОС детската линија е едноставен начин да им се овозможи на децата и на младите директно да разговараат со стручни лица, да побараат помош, совет, и да се слушне нивниот глас, рече Љушев на прес-конференцијата.

Како што додаде, бесплатна СОС детска линија ќе им помогне на децата и на младите да зборуваат слободно и безбедно за нивните проблеми, стравови и предизвици во исто време ќе бидат сигурни дека нивните податоци се доверливи

– Особено ми е драго што ја помогнавме реализацијата на оваа линија која ги штити децата и нивните права особено од ранливи групи затоа што веруваме дека на секое дете треба да му се обезбедат еднакви услови за здрав физички и ментален развој. Поттикнување на акции и иницијативи на инклузија на деца и млади од ранливи групи е дел од нашата стратегија и ние секако ќе продолжиме во тој план, посочи директорот на Македонски телеком.

Гент Тоска од невладината организација „Мој живот“ посочи дека проектот е реализиран благодарение на иницијативата што „Млади лидери“ покрената на 20 ноември минатата година.

– „Млади лидери“ е проект каде што сите деца од сите националности можеа слободно да се изразат и да бидат во центарот на вниманието, како што и заслужуваат. Затоа одлучивме да покренеме иницијатива за потпишување на една петиција за СОС телефон кај Народниот правобранител. Петиција до сега ја имаат потпишано над илјада граѓани. Со ова потврдуваме дека со добра соработка меѓу граѓанскиот сектор, институциите, компаниите и разните донатори кои се дел од државата можат да бидат успешни и се надевам дека оваа соработка ќе прерасне, посочи Гент Тоска на денешната прес-конференција.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ