• Latest
фото: МИА

Завршни зборови на одбраната за „Трезор“

April 5, 2021
Фото: Скриншот од видео на British Embassy Kyiv/ X

Велика Британија ѝ порача на Русија да престане со „бесмисленото убивање“ откако беше погодена зградата на Британскиот совет во нападите врз Киjив, кои однесоа најмалку 21 жртва

August 28, 2025

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Завршни зборови на одбраната за „Трезор“

April 5, 2021 10:46
in ВЕСТИ, ПРАВДА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Трезор“, кое се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешниот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

фото: МИА

Во завршен збор, Обвинителството, рече дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата

Обвинителот Трајче Пеливанов, нагласи дека биле склучени уште два анекси на договорот со Финзи при што разликата за набавната и продажната цена изнесувала 26.568.276 денари, штета нанесена на Буџетот на државата, а покрај тоа, за како што рече, со измислување на наводна потреба за непречено и успешно функционирање на опремата склучен бил и договор помеѓу МВР и Финзи за да се продолжи одржувањето на опремата и за нејзино надградување со намера да се оштети Буџетот и за Финзи да се прибави имотна корист од 21.422.500 денари.

Обвинетите, според Обвинителството, делата ги сториле од лукративен карактер и предложи на Судот да ги прогласи за виновни и осуди согласно законот за кривичните дела кои им се ставаат на товар, како и да го примени институтот конфискација на имот и имотна корист.

– Како имотна корист прибавена со кривично дело за правното лице ДТУ „Финзи” ДООЕЛ од Скопје, избришано од Централен регистар на 18.02.2011, а кој конфискација да се изврши на парични средства од денарска сметка во Охридска банка во вредност од 838.106 денари и девизна банкарска сметка 145. 619 евра, како и конфискација на ПМВ Ауди А4 со проценета вредност од 1.026.285 денари, побара обвинителот Артан Ајро.

Покрај ова побарување, обвинителството од Судот побара обвинетиот Сашо Мијалков да го задолжи да надомести износ од 11 милиони денари, Горан Грујоски 11 милиони денари, Нејбојша Станковиќ 6 милиони денари и обвинетиот Тони Јакимовски 7 милиони денари.

Одбраната во случајот „Трезор“ смета дека нејзините клиенти не го сториле кривичното дело што им се става во товар и оти единствен доказ е дека нема доказ дека обвинетите го сториле кривичното дело.

Адвокатот Љупчо Шврговски, во изјава пред новинарите по завршните збори на Обвинителството, рече дека од самите докази кои ги презентирал јавниот обвинител, а ги обезбедил преку меѓународна правна помош од британските авторитети, можело да се заклучи единствено дека ниту Сашо Мијалков ниту преостанатите обвинети не оствариле средба, ниту пак договориле каква било набавка на опрема која што е предмет на обвинението.

фото: МИА

Според Шврговски, во однос на тврдењето на јавниот обвинител дека Сашо Мијалков усно му наложил на Ѓоко Поповски, тогашен помошен министер за внатрешни работи, одговорен во секторот за финансии, да ја изврши оваа набавка, односно да ја спроведе постапката по однос на оваа набавка, јавниот обвинител презентирал ноторна невистина.

Во делот пак на штетната последица која обвинителот ја опиша дека изнесува некаде околу 48 милиони денари, адвокатот Шврговски посочи дека јавниот обвинител не достави материјален доказ.

– Тој материјален доказ се однесува на изготвено вештачење од областа на економско финансиската наука, вештина и знаење за коешто е потребно стручно мислење и експертиза од вештак од таа област. Јавниот обвинител ги нема тие знаења и познавања и тие вештини и во никој случај сам не може да конструира штета која што им ја става на терет на обвинетите, рече Шврговски.

Случајот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е ОЈО за организиран криминал, кое го презема предметот од поранешното СЈО.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ