• Latest
фото: МИА

Пресуда за „Трезор“ на 13 април

April 5, 2021
Фото: Скриншот од видео на British Embassy Kyiv/ X

Велика Британија ѝ порача на Русија да престане со „бесмисленото убивање“ откако беше погодена зградата на Британскиот совет во нападите врз Киjив, кои однесоа најмалку 21 жртва

August 28, 2025

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Пресуда за „Трезор“ на 13 април

April 5, 2021 18:26
in ВЕСТИ, ПРАВДА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Основниот кривичен суд во Скопје пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија, ќе ја објави на 13 април.

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР,  Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР,  Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Одбраната на Мијалков, во завршен збор на денешното рочиште, наведе дека обвинението за случајот е засновано врз претпоставки, дека постапката ја води неовластен тужител и на судот му предложи да донесе ослободителна пресуда, со оглед дека јавните обвинители не го докажале обвинението.

Во завршен збор, адвокатот Петар Василев, рече дека поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во јули 2010 година во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК.

„Целото обвинение е конструкција. Неспорно е дека набавката за опрема во МВР, се врши преку помошник-министер кој одговара директно пред министерот. Директор не може да даде наредба на помошник-министер. Обвинителството со ниту еден доказ не докажа дека Мијалков, му наложил, сугерирал за набавка на опрема“, изјави адвокатот Василев.

Обвинетиот Тони Јакимовски, додаде дека тој бил четири нивоа после помошник-министерот, и дека немал можност да му даде наредба нешто да стори.

Бранителот на Мијалков, адвокат Љупчо Шврговски, по завршување на денешното рочиште рече, дека вака поставеното обвинение е апсурдно од аспект дека секое службено лице, кое врши набавка на опрема, обука или услуга, доколку истото не го стори директно од производителот, туку го стори од овластен дистрибутер, го врши кривичното дело.

„Сметам дека одбраната од анализа на доказите и пред се од клучниот доказ на Обвинителството успеа да докаже дека Сашо Мијалков воопшти не договорил набавка на опрема, нити пак обуки. Истовремено, тој не дал никакво усно наложување на сведокот Ѓоко Поповски, да набавката се изврши преку одредено правно лице, како што тврди обвинителот, бидејќи тоа правно лице имало ексклузивен договор со производителот и единствено набавката на опремата можела да се изврши преку ексклузивниот дистрибутер на ГАМА, а тоа е правното лице преку кое што МВР ја набавило опремата“, рече Шврговски.

Она што е нејасно, посочи тој, е фактот како Јавниот обвинител воопшто се пуштил во кривичен прогон, кога одсуствува објективниот услов на инкриминација, а тоа е штетата.

„Јавниот обвинител за штетата мораше да приложи економско-финансиски вештачење, од кое што ќе прозлезеше наводната штета, за која се обвинуваат во диспозитивот на обвинителниот акт. Напротив, иако тоа не го стори јавниот обвинител, го стори одбраната. Преку технички советник успеа да докаже дека штета во овој кривично правен предмет нема“, изјави Шврговски.

Во завршниот збор, Обвинителството, рече дека наместо МВР да направи директна набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК од фирмата ГАМА од Велика Британија, како најекономичен начин, тие договориле набавката да се изврши преку друга фирма – посредник Финзи ДООЕЛ Скопје, со што успеале да злоупотребат средства од Буџетот на државата.

Според обвинението во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра./МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ