Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница предложи итна проверка на Законот за игри на среќа бидејќи при проверка на имотно-правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставените податоци, открила злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење пари од обложувалници.
ДКСК открила случај на сомнеж на злоупотреба на личните податоци на граѓаните и можност за перење пари. Како што соопштија од ДКСК 40.000 евра се ставени на даночните пријави без знаење на граѓаните.
ДКСК соопшти дека ги известиле МВР, Финансиската полиција, УЈП со цел да се провери финансиската работа на обложувалниците. ДКСК предложи итна реакција и средба со надлежните институции за да се решат системските пропусти.