• Latest

Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка

April 29, 2021
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

September 17, 2025

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

September 17, 2025
Trump arriving to the UK
Source: screenshot CBS

Трамп синоќа пристигна во Велика Британија во втора државна посета

September 17, 2025
Фото: ЦУК

Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари

September 17, 2025

Продолжен притворот за нови 48 часа на четворицата за пожарот во Трубарево

September 17, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш за ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Заев: Коалиции за локалните избори ќе дефинираме во септември, повикувам на соработка

April 29, 2021 13:47
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

За евентуално коалицирање за локалните избори во втората половина на октомври, СДСМ ќе соопшти во септември, по одржувањето на пописот, но претседателот на партијата Зоран Заев од сега повика на соработка. Одговарајќи на новинарско прашање дали на изборите СДСМ ќе настапи со некоја од партиите од албанскиот политички блок, тој денеска одговори дека е рано да соопшти сега и, веројатно, тоа ќе се знае еден месец пред изборите кога, како што рече, традиционално се дефинираат коалициските настапи и се избираат кандидатите за советници и градоначалници.

– Сè уште е рано. Кога ќе ги донесеме одлуките на нашите состаноци, веднаш ќе ги соопштиме. Но, тенденцијата ни е сплотеност и заедно, и секогаш да настапуваме во духот не едно општество за сите. И уште сега го испраќам повикот за соработка – предизборна и после изборна, зашто преку соработка и единство ќе можеме да постигнеме и поголеми успеси, рече Заев.

Прашан за состојбите во СДСМ и дали има превирања, бидејќи членови на партијата формираат независна советничка листа во Охрид, а и поради повлекувањето на Радмила Шекеринска од функцијата заменик-претседател на партијата, Заев одговори дека Социјалдемократскиот сојуз е единствен и тоа е покажано во нивното секојдневно функционирање.

– Но, секако, различни сме во разноликоста на нашите ставови и размислувања и тоа нè прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Листите за кои слушнавме во Охрид се порака, пред сè, до Социјалдемократскиот сојуз и ќе разговараме во деновите пред нас, имаме неполни шест месеци до изборите. СДСМ секогаш по пат на единство ги извојувал победите, но и континуираните промени што се случуваат, одговори Заев.

За откажувањето на Шекеринска од партиската функција, пак, рече дека веќе кажал оти ги прифаќа нејзините ставови и дека има, како што рече, огромни можности и аспекти за соработка во иднина.

– Затоа што не сме само претседател и заменик-претседател на СДСМ во осум години или два мандата, туку сме и добри другари. Знам дека животот и понатаму ќе продолжи во исклучително добра соработка помеѓу мене и Радмила, додаде премиерот и претседател на СДСМ.

Тој потсети и дека на 16 мај претстои конгрес на партијата, кој е многу значаен зашто во најава се новите политики на СДСМ.

– Верувам дека тој успешно ќе помине и во релаксирана атмосфера. Партијата ги користи викендите и доцните вечерни часови да работи на кадровски, но и на дизајнирање на новите политики. Синоќа завршивме 4-5-часовен состанок на кој сите ние, актуелното раководство, извлековме важни заклучоци. Го знаеме патот, сега ги трасираме првите чекори кои треба во втората половина на мај веќе да почнат. За изборите ќе почнеме со истражување, анкети, сондажи, пред сè, помеѓу граѓаните и нашите поддржувачи, со конечна цел граѓаните да научат што е тоа што би било најдобра испорачана понуда од СДСМ, додаде Заев.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    204 shares
    Share 82 Tweet 51
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ