• Latest

Работниците го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот со бројни прекршувања на работничките права

May 1, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Работниците го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот со бројни прекршувања на работничките права

May 1, 2021 09:44
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Неисплатени или намалени плати, притисок врз работниците да потпишуваат спогодби за престанок на работниот однос, злоупотреба на државната помош за исплата на плати и непочитување на Законот за безбедност и здравје при работа, се дел од прекршувањата на работничките права со кои работниците годинава ќе го прослават Меѓународниот ден на трудот.

Двата најголеми синдикати, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), во изјава што МИА ја побара по повод 1 Мај, посочуваат дека во изминатите две години евидентено е кршењето на работничките права уредени со Законот за работни односи и со колективните договори. Забележан е притисок врз вработените да потпишуваат бланко спогодби за престанок на работа, упатување на принуден одмор, непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19, а неретки се и случаите на трансформација на работниот однос од неопределено на определено време.

„Од почетокот на здравствената криза, правната служба на ССМ по пат на совети, изготвени правни мислења, толкувања, приговори, тужби и директно постапување пред надлежните органи, обезбеди заштита на работничките права во компании кои вработуваат над 80.000 вработени“, наведува ССМ.

Над 40 проценти од обраќањата на работниците кои минатата година побарале правна помош од ССМ се за неосновано намалени и неисплатени плати, додатоци на плата и регрес за годишен одмор, а исто толкав е и процентот на обраќања за отказ од работа.

„Карактеристично беше упатувањето на работниците дома со образложение на работодавачите дека нема работа заради здравствената криза или дека нема услови истата да се организира според државните протоколи. Притоа, на овие работници им беше намалена платата и не се почитуваа уредбите на Владата за право на платено отсуство“, нагласува ССМ во изјавата за МИА.

Отказите се евидентирани особено во чевларската и металната индустрија и во угостителството, а забележани се и откази на договорите за вработување на претседатели на синдикални претставници во компаниите.

„Преземени се сите активности за нивна заштита, во тек се и судски постапки во врска со незаконитото постапување кон синдикалните претставници, затоа што тоа дирекно влијае на сузбивање на синдикалното организирање и делување, а во 2 случаи Државниот трудов инспекторат и Судот ги врати на работа синдикалните претставници“, информира ССМ.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) велат дека пандемијата уште повеќе придонела за злоупотреба на законите и прекршување на правата на работниците, но според нив, затаиле и инспекциските служби.

„Мораме да истакнеме дека институциите на системот кои треба да ги заштитат работниците одговорни за законите од трудовото право целосно затаија, пред се тука мора да го споменеме Трудовниот инспекторат кој немо гледа на крешењето на работничките права, пропишани со закони и колективни договори“, истакнува КСС.

Двата најмногубројни синдикати по своето членство бараат да се признае и Ковид-19 како професионално заболување за сите работници, а на заболените работници да се исплаќа 100 проценти плата.

Според КСС, кои заедно со Македонското здружение за заштита при работа, поднесоа иницијатива до Уставниот суд, ваквото барање е легитимно и согласно законите.

„Ова е нешто за што ќе ги вложиме сите напори за да го ставиме Ковид-19 на листата за професионални заболувања, бидејќи согласно Законот за безбедност и здравје при работа, Правилникот за биолошки агенси и Законот за ПИО, тоа е наше право и треба да се постапи согласно законите. Никој не ја почитува законската обврска за проценка на ризик на работното место по појавата на нова биолошка шптетност како што е случајот со Ковид -19“, наведува КСС во изјавата дадена за МИА.

Меѓународниот ден на трудот традиционално се одбележува со синдикален марш на кој се испраќа порака за зачувување и унапредување на работничките права.

Годинава, поради пандемијата очигледно ќе изостане традиционалниот првомајски марш. Од Сојузот на синдикати на Македонија најавуваат дека Денот на трудот безбедно ќе го одбележат пред зградата на ССМ од каде ќе испратат порака дека силата на работниците е кога тие се ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ за заштита и унапредување на работничките права.

„Ќе се обоиме црвени во солидарност за поддршка на сите работници кои ги загубиле своите работни места, не примиле плата и им се прекршени работничките права. Заради ограничениот простор и потребата од почитување на сите мерки и протоколи со држење на растојание, носење на маска и да не се групираме, грижејќи се за здравјето, ги повикуваме сите работници да се приклучат и дигитално и заедно да го обоиме и дигиталниот простор со црвена боја која преовладува и по повод Велигденските празници, но и во името на солидарноста, како црвена линија, како црвен картон, како стоп за кршење на работничките права“, порачуваат од ССМ.

И од Конфедерацијата на слободни синдикати нема да организираат протестен марш, но велат дека ќе продолжат со нивните барања за поголеми работнички права.

„Имајќи предвид дека сме во состојба на пандемија и дека 1 Мај се празнува заедно со верскиот празник Велигден нема да се одржи протестен марш. Работниците ќе ги оставиме да го поминат празникот со своите семејства, а ние како синдикат ќе продолжиме со нашите планирани чекори и активности и ќе ги доставиме нашите барања до Владата од која се надеваме дека ќе го прекинат молкот и игнорирањето на проблемите со кои се соочуваме секој ден“, велат од КСС.

Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 Мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што во 1886 година се одржа во Чикаго на кој се бараше осумчасовен работно време. Во знак на почит кон жртвите, во 1889 година на основачкиот конгрес на Втората интернационала е донесена Декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации со цел да се подобри нивната положба.

Оттогаш во повеќето држави низ светот се одржуваат протестени маршеви. Во земјава, 1 Мај е прогласен за неработен ден согласно Законот за празници.

МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ