• Latest
Акцијата на активистките и активисти од Социјалниот центар „Дуња“ за 1 Мај/ фото Радио МОФ

Среќен 1 Мај – борбата за работничките права продолжува

May 1, 2021

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Среќен 1 Мај – борбата за работничките права продолжува

May 1, 2021 14:50
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Акцијата на активистките и активисти од Социјалниот центар „Дуња“ за 1 Мај/ фото Радио МОФ

Акцијата на активистките и активисти од Социјалниот центар „Дуња“ за 1 Мај/ фото Радио МОФ

Share on FacebookShare on Twitter

Здравствената криза со Ковид-19 ги стави на тест хуманоста, слоидарноста, еднаквоста, достоинството на луѓето и почитувањето на човековите права и слободи, но и опстанокот на економиите и предизвикот да се задржат работничките и работниците на своите работни места, со макслимана почит и афирмација на нивните работнички права. По повод 1 Мај, Ден на трудот ЦИВИЛ предупреди дека ниту пандемијата и ниту економската криза не смеат да бидат изговор на капиталистите за кршење на работничките права!

„ЦИВИЛ ги повикува синдикатите, граѓанските организации и политичките партии да покажат искреност и посветеност во борбата за социјална правда и работнички права… Првата и најголема жртва на економските последици од пандемијата се токму работничките права. Затоа, не е доволна само политичката волја и мерките на владата, туку вклучување на целото општество. Крајно време е да се покрене вистинска и доследна акција за заштита на работничките права во услови на пандемијата која ѝ зададе силен удар на светската економија. Уште поважно од тоа е да не се користи економската криза како изговор за намалување на работничките права, туку нивно унапредување, на сметка на дебелите профити на капиталистите“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ по повод 1 Мај.

ЦИВИЛ ги повикува работничките и работниците да пријавуваат кршење на нивните права, мобинг и дискриминација. Најважно е прво тие да се охрабрат и гласно да ги побараат своите права, бидејќи им припаѓаат!

„Капитализмот мора да падне“, „Работничката борба нема граници“ и „Да дојде свет на игра, не работа“ се само дел од слоганите по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот што се појавија во јавниот простор во Скопје и Прилеп. Акцијата е на активистките и активисти од Социјалниот центар „Дуња“ со цел да поткревање на свеста за состојбата на работничките права.

Синидикатите, граѓанските организации, политичарите излегоа со свои соопштенија, пораки, апели и барања го честитаа 1 Мај – Ден на работничките и работниците.

Синдикатот на културата на Македонија (СКРМ), објавуваат дека ова е првиот 1 Мај во историјата на културните работници и уметници во државата со Колективен договор што се спроведува.

„Овој мај веќе е решен проблемот на оние чии плати беа намалени со Колективниот договор. Им рековме дека нема да ги оставиме и не ги оставивме. Комисијата го поднесе заклучокот во Министерство за култура и истото министерство е задолжено да го спроведе во најбрз можен рок“, се вели во објавата на СКРМ.

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска пред Владата на Северна Македонија јавно ги искажа своите барања и незадоволства во однос на работничките права со паролите „Да живее 1 мај“ и „Правда за работничките права“.

Меѓу барањата на КСС е безусловно почитување на Уставот, законите и колективните договори, да престане политичкиот притисок врз институциите кои ги спроведуваат или контролираат законите од областа на трудовото право и тоа министерствата, правосудството, инспекторатите, а тука предничи Државниот инспекторат за труд, како и исплата сто отсто плата за оние кои се заразени со Ковид-19 на работно место или се во самоизолација и признавање за професионално заболување на Ковид-19 за сите работници во Македонија.

Сојузот на синдикати на Македонија го одбележа 1 Мај без групирања и со оддржување на физичка дистанца како што налагат протоколите против Ковид-19. Тие побараа донесување на нов закон за работни односи со европски стандарди кој ќе ги содржи договорите за вработување на определено време да се најмногу до една година, а истите автоматски да се трансформираат во договори на вработување на неопределено време по изминување на таа една година.

Одбележување на 1 Мај, ССМ / Фото: Кирил Михаилов, ЦИВИЛ

„КОВИД -19 да биде професионално заболување платено со стопостотен надоместок по примерот на Синдикатот за здравство и Македонскиот полициски синдикат кои се здружени во ССМ“, изјавија од ССМ.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), заедно со Хелсиншки комитет за човекови права, Независен академски синдикат (НАкС), СКРМ и други излегоа со Првомајскиот проглас од повелбата на синдикати и здруженија.

Во прогласот се бара итно носење на новиот Закон за работните односи што ќе ги рефлектира потребите на работниците наметнати од кризата и ќе ги штити нивните права и интереси, покачување на минималната плата, имајќи предвид дека потрошувачката кошница постојано се зголемува, односно, трошоците за задоволување на основните егзистенцијални потреби како исхрана, облека и средства за заштита од вирусот постојано растат, измени и дополнување на Правилникот за професионални болести со цел болеста предизвикана од Ковид-19 да се предвиди како „повреда на работа“ за сите работници и соодветно на тоа, надоместокот на плата ќе се исплаќа во висина од 100% од основицата, додека трае спреченоста за работа, правилникот за професионални болести да се измени и во однос на изолираноста заради спречување на зараза, со што висината на надоместокот на платата за привремена спреченост од работа да се исплаќа во полн износ за оние лица за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издал решение за самоизолација заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. По контакт со заболено лице од коронавирусот, отсуството пред работодавачите може да се оправда со решение и истото се доставува до работодавачот за регулирање на привремена спреченост од работа, паричен надоместок за невработени да можат да користат и лица на кои работниот однос им престанал поради сопствена изјава, спогодбено или поради наводно нарушување на дисциплината, за да се заштитат работниците кои останаа без работа на овој начин во кризава. Периодот за кој се исплаќа надоместокот треба да биде врзан со стажот на работникот, забрана за доделување финансиска поддршка на фирми што ја злоупотребиле државната помош…

Пораки по повод 1 Мај упатија и министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, преимерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски…

„Работничките права се човекови права!“ велат од ЦИВИЛ. Среќен 1 Мај – борбата за работничките права продолжува.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ