• Latest

Мас: Северна Македонија одамна ги исполни условите за пристапување во ЕУ, во интерес на Унијата е што побрзо отворање на преговорите

May 3, 2021

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мас: Северна Македонија одамна ги исполни условите за пристапување во ЕУ, во интерес на Унијата е што побрзо отворање на преговорите

May 3, 2021 12:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сакам многу јасно да кажам дека Германија многу сериозно ја гледа европската перспектива на земјите во регионот. Особено тоа важи за Северна Македонија која одамна ги исполни условите за пристапување кон ЕУ и затоа минатата есен вложивме многу заложби да ја одржиме првата меѓувладина конференција во рамки на нашето претседателство. Тоа не успеа, но сега за време на португалското претседателство и понатаму работиме на тоа, тоа не само што има смисла туку е и неопходно, имајќи ја предвид довербата што граѓаните од Северна Македонија ја имаат во нас, но исто така и интерес на ЕУ е да бидеме што е можно побрзо во можност да ја отвориме таа пристапна конференција.

Ова денеска го порача германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на заедничката прес-конференција во Берлин со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

– Во рамки на реформите, Северна Македонија понатаму продолжува и тоа е јасен сигнал до Европската Унија дека вие сте сериозни во спроведувањето на реформите, особено што се однесува до правната држава и тоа е добрата вест и со тоа испраќаме јасна порака дека се движиме кон заедничката цел и Германија стои на ваша страна, потенцира Мас.

Мас, во врска со можноста Северна Македонија и Албанија да се разделат на патот кон ЕУ, е дециден дека раздвојувањето на двете земји не е став што го споделува Берлин.

 

– Што се однесува на прашањето за раздвојувањето меѓу Северна Македонија и Албанија, вакви дискусии веќе имало и порано, и претходно, но обратно. Во минатото ништо не се смени за пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, а тоа е да бидат водени понатаму заедно во пакет и сметам дека во сегашниот момент германската Сојузна влада исто така многу се залагаше за време на нејзиното претседателство и сега дава поддршка на португалското претседателство да може што е можно побрзо да се изнајдат решенија за решавање на билатералните прашања. Со тоа да може брзо да се отвори пристапната конференција за Северна Македонија и за Албанија. Какви било други размислувања за разделувања на овие две земји не се мислења што ние ги споделуваме, рече Мас.

Во врска со истото прашање, Османи рече дека иако ЕК за Северна Македонија 11 пати по ред дава препорака за започнување преговори, и дека и покрај тоа што „кондиционалноста на процесот на проширување се заснова на индивидуалните заслуги на секоја земја посебно“, искуствата покажуваат дека кога државите се движат заедно во процесот, синергијата што се создава е поголема отколку збирот на поединчното движење на државите.

– Сметаме дека Албанија и Северна Македонија ги имаат исполнето условите и треба да започнат преговори и тоа ќе даде нова динамика на регионалната перспектива на регионот, и со тоа ќе се придружат на Црна Гора и на Србија кои веќе ги имаат започнато преговорите. Така што не гледаме причина зошто би имало издвојување, особено, кога Северна Македонија ги има исполнето сите критеруми – има 40 проценти од европското аки преточено во своето домашно законодавство, 95 проценти ја има усогласено својата надворешна и безбедносна политика со таа на ЕУ, ги имаме постинато економските и политичките критериуми за членство, така што не гледаме причина зошто Северна Македонија би останала назад во овој процес, истакна Османи.

Османи исто така рече дека германската поддршка е од суштинско значење за земјава и се заблагодари на личниот ангажман на Мас, на упорноста на канцеларката Ангела Меркел и на Владата на Германија за досегашниот успех на европскиот пат на Северна Македонија.

– Неуспехот на Советот на ЕУ да ја формализира одуката од минатата година останува наш заеднички предизвик за оваа година. Јунските самити на ЕУ нудат неповторлива шанса да го направиме вистинскиот чекор. Операционализација на одлуката за полето на преговорите преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција како формален почеток на преговорите. Ваквиот чекор ќе упати неопходно охрабрување до целиот регион и ќе го зацврсти кредибилитетот на евроинтеграцискиот процес. Особено ме охрабрува фактот што во рамки на претседавачкото трио, Германија ја задржува својата проактивна улога во поддршка на португалското претседателство со цел да се донесе вистинската одлука што ќе упати охрабрување до целиот регион и ќе го зацврсти европскиот кредибилитет во целост, истакна Османи.

 

Тој потсети дека земјава нема да ја запостави имплементацијата на реформите, со посебен акцент на  јакнење на правната држава и борбата против корупцијата, каде, посочи тој, и досега е постигнат исклучителен резултат.

– Борбата против криминалот и корупцијата ќе остане неселективна и непристрасна и ќе направиме се за да ги задржиме и оваа година високите оценки кои континуирано ги добиваме од ЕУ, рече Османи.

Мас, од своја страна, истакна дека недостигот со снабдувањето вакцини и даде можност на ЕУ да покаже знак на солидарност и од мај ќе испрати 650.000 дози на вакцини како донација за Западен Балкан, од кои 110.000 ќе бидат за Северна Македонија.

– Потребни се многу повеќе вакцини за да ги снабдиме нашите соседи, само така ќе успееме заеднички да ги надминеме економските, социјалните, но и психолошките поледици од оваа пандемија. Заради тоа ние како ЕУ даваме поддршка за целиот регион од висина од 12 милијарди евра. Тоа е многу важен дел од нашата заедничка соработка и важна основа за економското закрепнување на земјите надвор од ЕУ, рече Мас.

Друг значаен чекор, додаде тој, е да продолжи унапредување на економската соработка, особено за подобрување на животот на луѓето во регионот, за чија цел и започнаа Берлинскиот процес за приближување кон Западниот Балкан, како и заедничкиот акциски план изработен на последниот Самит во Софија минатата година, со кој се зајакнува економската соработка за сите држави, овозможува слободно движење за сите во регионот и чекор по чекор ги решава поличките спротивности.

Посетата на Османи на Берлин продолжува со средбата со државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот. Во рамките на оваа посета, Османи ќе се сретне и со Уве Корсепиус, советник за ЕУ на Канцеларката Меркел, како и со повеќе претставници на политичките групации и Комисиите во рамките на посетата на германскиот Бундестаг.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ