„Се зголемува институционалниот капацитет, а со тоа и политичката волја за инклузивни реформи за одреден процес… Тоа е една придобивка од растењето и развивањето“, изјави извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“
„Ако почнеме да ги споредуваме извештаите на домашните набљудувачи, на ОБСЕ/ОДИХР и други, ќе видиме дека во последните три изборни циклуси квалитетот на спроведување на процесот е значително подобрен. Ако на тоа го додаеме зголемувањето на рејтингот на Северна Македонија во индексот на Фридом Хаус, во последните три години тој се должи исклучиво на делот поврзан со изборниот процес, ќе видиме дека изборите и тоа како го подбруваат и имиџот и демократскиот капацитет во државата“, вели Алексов.
Алексов додаде дека ниту како општество ниту како систем не сме на ниво на кое што адекватно и ефикасно би се избориле со дезинформациите и хибридните закани, како нова опасност во последно време за изборните процеси.
„И како граѓанско општество и како луѓе инволвирани во изборниот процес да укажуваме и да помагаме системот как систем да се одбрани и да биде отпорен, а општеството да знае да разграничи дезинформација од права информација“, додаде Алексов.
Б. Ј.
Камера: Атанас Петровски
Фотографија: Игор Чадиноски
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети