• Latest

Шахпаска: Зачувавме 80 илјади работни места, продолжува процесот на економско заздравување

May 14, 2021

ДИК ја достави одлуката за поништување на листата на Движењето за национално единство на Турците – партијата бара оставки и одложување на изборите

October 18, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Зачувавме 80 илјади работни места, продолжува процесот на економско заздравување

May 14, 2021 18:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата заслужува признание за политиките што ги презеде и за начинот на кој се справуваше со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, беше заклучено на денешниот онлајн состанок што министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го одржа со претставници на Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд.

На состанокот, како што соопшти Министерство за труд и социјална политика, се разговараше за предизвиците со кои се соочува нашата држава, особено во контекст на пандемијата со Ковид-19, како и за процесите за справување со неформалната економија, растот на минималната плата и новото законско решение за работни односи.

-Зачувување на секое работно место, помош на најранливите категории на граѓани преку олеснувањето на пристапот до гарантирана минимална помош и шесте пакети економска помош за граѓаните и за компаниите беа од клучно значење за пребродување на периодот на кризата предизвикана од Ковид-19. Успеавме да зачуваме 80 илјади работни места што е од огромно значење, нагласи министерката Шахпаска.

Претставниците на мисијата на ММФ, како што се наведува, оценија дека Владата заслужува признание за политиките што ги презеде, како и за начинот на кој се справуваше со предизвиците кои ги донесе пандемијата од Ковид-19.

Министерката Шахпаска изрази уверување дека крајот на пандемијата не е далеку, имајќи ја предвид и масовната вакцинација на населението, по што со уште поинтензивно темпо ќе продолжи процесот на заздравување на економијата.

-Анализите покажуваат дека има напредок на економски план, но и во делот на пазарот на труд. Економскиот раст се покажа отпорен, иако со пониска просечна стапка во споредба со периодот пред глобалната економска и финансиска криза. Трендовите на пазарот на трудот во однос на работоспособното население, во изминатиот неколкугодишен период, исто така се свртеа во позитивна насока, со растечки стапки на активност, подобрени стапки на учество на бројот на вработените во вкупното население и опаѓачки стапки на невработеност, посочи министерката Шахпаска.

Во делот на состојбите на пазарот на труд, министерката Шахпаска информираше дека стапката на вработеност  бележи тренд на раст, односно  од 44.1 отсто во 2017 година, во 2020 година вработеноста се зголеми за 3.1 процентни поени и изнесува 47.2 отсто. Додека пак, стапката на невработеност во 2017 година која  изнесуваше 22.4 отсто до крајот на 2020 година е намалена за дури шест процентни поени, односно изнесува 16.4 отсто, достигнувајќи и вредности од 16.1 отсто и 16.2 отсто во текот на 2020 година.

На прашањето во врска со растот на минималната плата во земјава, министерката потенцираше дека и во услови на пандемија работниците го добија законското усогласување кое им следува и информираше дека минималната плата денеска изнесува 54 отсто од просечната плата во земјава.

На тема неформална економија и што прави државата на ова поле, министерката Шахпаска го  истакна променетиот пристап на Владата за намалување на неформалната економија и имплементација на Стратегија за формализација на неформалната работа за периодот 2018-2022 година.

-Главни приоритети се формализација на неформалната економија преку унапредување на процесот на мерење, следење и детекција на неформалната економија, подобро деловно окружување за основање, раст и развој на компаниите, стимулирање и поддршка на формализацијата на неформалните економски активности како и јакнење на даночниот морал и намалување на толеранцијата кон неформалната економија, информираше Шахпаска.

Министерката Шахпаска информираше и за новата законска регулатива за работните односи на која работи Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на работниците и на работодавачите. Новиот закон, најави министерката Шахпаска, ќе биде во согласност со меѓународните директиви и стандарди и меѓу другото, ќе ги уредува и прашања за сезонската работа, работата од далечина, родителското  отсуство, институтот еднаква плата за иста работа на жените и мажите, како и договорите на определено време.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ