• Latest
Војо Маневски

Дивоградби

May 16, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Дивоградби

May 16, 2021 14:30
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Нашето општество често наликува на постојано вознемирен човек, кој на сѐ околу себе реагира бурно со многу емоции, со веќе оформено мислење и не прифаќа други ставови. Законот за легализација на бесправно подигнатите објекти е еден таков случај. Како, токму врз овој Закон да се прекршуваат и политичките спорови и интереси, како и основите на правно уредената држава и многу други правила, според кои сме навикнати да живееме.

Одговор на сите овие прашања ќе дадат народните избраници, експерти од различни области и оние најпаметните што се познавачи на сите теми и процеси. А јас само би сакал да ви раскажам една приказна за дивоградбите, кои меѓувреме станаа дел од питомиот пејзаж на моето Ново Село.

Кон крајот на шеесеттите години од минатиот милениум, длабоко навлезени во процесот на индустријализација на државата и градењето на големи индустриски капацитети, се празнеа селата за да ја задоволат потребата од работна сила. А градовите беа сѐ уште мешавина од касаби, со мешавина на архитектура од сите минати векови. Една улица „ала франка“, другата „ала турка“, а  долгите низи на станови „ала Јевромеев“ сѐ уште се градеа. Станови немаше доволно и секој што имаше две соби, едната ја издаваше на новите самоуправувачи. Една чешма на дворот и постојано корито до неа, подготвено за перење е просечен комфор. Но, приливот на новите жители на градот бараше и нови станови. Ридчињата околу градот беа штотуку насадени со бадеми, во склад со плановите за подигање на нови социјалистички шуми.

Полека меѓу младите стебла почнаа да се појавуваат црвени керамиди и оџаци. Се градеше во сабота и недела со несебична помош на семејството и пријателите. Се копаа темели во попладневните часови, да не се вознемират властите и идните соседи. Во саботата се ставаа темели и се донесуваше материјал. Планот за градба на куќата беше одамна познат. Едно претсобје со површина од 12 квадрати и една соба со рамка од двапати по четири метра, што значи 16 квадрати заедно со дебелината на ѕидовите. Статика и други пресметки не се правеа. Вревата околу попладнето достигнуваше врв, затоа што се додаваа греди и летви за кровот. На главниот мајстор му се даруваше кошула, а ако газдата не е во таква имотна состојба, убава крпа за бришење по утринското миење на чешмата, беше утешна награда. Сѐ на сѐ куќата беше завршена пред мракот. За подот и осветлувањето во тој момент не се размислуваше. Доволен луксуз беше чешмата на соседот и договорот за користење на водата од неа.

Газдата остануваше да спие во ново изградениот дом, зошто е можно утредента да го посетат од општината и да запишуваат нешто во црвените тетратки и намрштено постојано да повторуваат – ќе мора да срушиш сам или ние ќе рушиме, а ти ќе ги платиш трошоците. Имаше и стресни состојби кога се рушеа неколку тули од ќошињата, но горе доле сѐ со тоа завршуваше.

За ден или два се донесуваше зелениот „креденец“ и тоа нов и штотуку земан на кредит од Треска. Четири хокерници и маса со фиока за  лажици и вилушки. Во другата соба, бели железни кревети со шари на страниците и две наткасни за долен веш. Шифоњер со две врати за алиштата и големата соба беше комплетирана. Сѐ разбира подот со патос ќе биде поставен следната година, а шарените ткаени черги, даваа потребна топлина на новиот дом. Зад вратата нова метла и лопатка е целиот потребен прибор за одржување на хигиената. Се собира семејството во новиот дом, а за неколку дена започнува посетата на блиските и подалечните роднина. Скоро секоја ваква седенка завршуваше со песна на присутните. Со комшиите се воспоставува потребната врска и се чека дали надлежните ќе ја расипат посакуваната иднина. Струја се добиваше со добра волја на соседите и приклучување на нивната жица. Кога „дистрибуција“ се смилува да ја приклучи новата куќа на мрежата, светнаа сите три сијалици, а се купуваше и решо со две рингли, за да го замени шпоретот на дрва што мораше да се пали и во лето за да се приготвува храна. Ваквите дивоградби се правеа зад постоечките куќи, каде што немаше улица, ниту вода, ниту струја. Важно беше да се има кров над главата.

Купатилото беше мислена именка, а „кенефот“ на пристојно растојание од влезот беше најчеста појава. Ако имаше и сијалица во него добиваше електрифицирано звање – електричен клозет. А во сабота или недела се станува рано и правец бањата Кежовца. Три саати киснење и дружење со познати и непознати, држеше хигиенско ниво до следната недела.

И ете такви беа „дивоградбите“ од моето детство. Кога ќе никнеше на некое ритче околу Ново Село некоја ваква градба, задолжително на мостот се собираа намерници и сеирџии. Прво се разменуваа информации кој е градителот. Ако е од домашните се поставуваа разни тези околу примораноста на таквиот чекор:

– тесно е кај нив дома и да сака нема каде да живеат, мора човекот да се снаоѓа, коментираа едните.

– Кога нема слога дома така е. Ако децата не се бесни и куќата не е тесна. Што ќе прави мора да излезе од дома, не се живее секој ден со кавга.

Ако градителот е од друго место се впрегаа сите сознанија околу можниот нов сосед. Недовербата кон нови лица веднаш доаѓа до израз.

Бре што убави бадемчиња посадивме таму. Ќе се разеленеше ридот, ќе скиневме некое бадемче. Ама нема спас од сељациве, каде сакаат градат. Нема држава брат затоа е така. Јас еден голубарник не можам да  направам веднаш инспектор ми доаѓа. Ама такво време дојде да има држава нема да е така. Сѐ е брат за пари продадено. Имам еден другар од детството Идриз, Турчето го знаете нели? Е, нели тој пред пет години се отсели за Турција, во Измир живее. Тој ми раскажуваше дека и таму е така. Одбереш место и градиш. Ако не те сопрат соседите никој не те чепка. Само, се мораш за три дена да завршиш. Одиш во општината го наоѓаш службеникот и тој ти кажува каде и колку треба да платиш рушвет. По три дена доаѓаат со полиција и пишуваат казна, малку те караат дека си прекршител и си одат. Ти после заврши си ја куќата и живеј си спокојно. А знаеш каков чесен човек е Идриз, ако тој така кажува тоа е сигурно така.

Така се дебатираше за дивите градби, а тие остануваа како постојан дел од сликата на Ново Село. Минуваа времиња, децата растеа, се додаваа соби и шупи на оригиналната градба. Никнуваа и гаражи, зошто се направија и улички до најблискиот можен рамен простор. Клозетите во дворовите одамна отстапија место на жандињерите и цвеќињата.

Се смени и државата и системот и луѓето се сменија. Таму каде некогаш се садеше тутун и зрееја убави гроздови, почнаа да никнуваат нови куќи.

Овие новите стопани не градеа за два дена. Тие градеа со месеци и градеа големи градби од двесте и повеќе квадрати. Со тераси со поплочени дворови. Но и тие немаа никакви дозволи, ниту се дел од некакви дупови и гупови. На струја и вода се приклучуваат уште пред да стават темели, а дворовите ги оградуваат уште пред да се доселат. Малку се запознаваат со постарите соседи и само поминуваат низ старите улици на Ново Село, без поголема желба да се вклучат во заедницата.

На стариот мост под кој и денес се лови риба и се коментира за успешноста на уловот, се сретнувам со еден мој исписник што високиот притисок го лечи со шетање покрај Брегалница.

– Уф брат, се качував низ ридот да видам како изгледа од таму пролетва. Сѐ до дивите куќи отидов. Се сврте и ми покажа кон трите куќи кои се изградени кон крајот на шеесеттите години. Таму се веќе половина век.

– Мислиш ли на овие куќи – го прашав?

Е на кои други? Нели се тие дивите градби? Ако мислиш на тие позади нив, се сомневам дека се диви градби. По триста квадрата се тие, какви дивоградби, тоа ти е брат модерно речено – новоградби. А дали се легални не знам. И да не се сега, ќе бидат легализирани.

Такво е ова време, тешко се распознава кога и што е легално, а што е нелегално. Не, не мислев да паметувам и морализирам, само ви раскажав за едно време и неговите дивоградби. За сегашните дивоградби мислете му ја вие.

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ