• Latest

Шекеринска-Каволи-Ѓурчиновски: Поддршка за комплетна евроатлантска интеграција на Северна Македонија, неопходна е брза разрешница на отворените прашања која ќе овозможи почеток на преговорите со ЕУ

May 25, 2021

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска-Каволи-Ѓурчиновски: Поддршка за комплетна евроатлантска интеграција на Северна Македонија, неопходна е брза разрешница на отворените прашања која ќе овозможи почеток на преговорите со ЕУ

May 25, 2021 15:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи, денеска престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на посетата генералот Каволи имаше одвоени средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски, на кои присуствуваше и амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз.

Министерката Шекеринска го информираше генералот Kаволи дека воената интеграција на Северна Македонија во НАТО се одвива според планот и се очекува да заврши до крајот на оваа година. Таа се заблагодари за ангажманот на инженерската единица на Армијата на САД во подготовката на полигонот Криволак за вежбата „Одлучен удар 21’ која деновиве се одвива на полигонот. Развојот на Криволак е заедничка цел, на која Армијата на Северна Македонија и Армијата на САД работат сојузнички – рече министерката.

Членството на Северна Македонија во НАТО и отворањето на преговорите со Европската унија се од клучно значење за безбедноста и стабилноста во регионот – беше речено на средбата.

На средбата стана збор за важноста на развивањето на регионалната соработка меѓу сојузниците  и  за потребата од што побрзо разрешување на разликите во рамките на евро-атлантското семејство како дел од посветеноста на заедничката безбедност.

На состанокот со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски и дел од армиските генерали, на генералот Каволи му беа презентирани активностите што се однесуваат на процесот на нашата потполна воена интеграција во НАТО, ангажманот во мировните операции предводени од НАТО и подготовката за потполна оперативна способност на Лесната пешадиска баталјонска група. Во тој контекст стана збор за зајакнувањето на меѓусебната соработка и учеството во вежбовните активности предводени од командата на силите на САД за Европа и Африка меѓу кои вежбата „Одлучен удар21“ како дел од вежбата „Defender Europe 21’.

Генералот Ѓурчиновски упати благодарност за континуираната поддршка од Вооружените сили на САД, при што  со изведување на заедничка обука и вежби нашие единици ја зајакнаа својата способност и ја постигнаа интероперабилноста според стандардите на НАТО.

Од страна на генералот Каволи беше истакнат интензивниот интегративен прогрес кој го спроведува Армијата по полноправното членство во НАТО, притоа потенцирајќи дека тоа е резултат на одличната подготвеност и залагања на Армијата и Министерството. Со своето учество и придонес во НАТО мисиите и регионалната безбедност, Северна Македонија е пример за целиот регион – оцени Каволи.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ