АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ, од Софија, специјално за ЦИВИЛ МЕДИА
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денес попладне, заедно со потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретнаа и со претседателот на Република Бугарија Румен Радев. Средбата е во рамките на посетата на делегацијата на Република Северна Македонија во Бугарија.
На средбата е истакнато дека оваа посета на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија во Бугарија на највисокото ниво е од исклучителна важност во моментот кога дијалогот е од исклучителна важност за двете земји.

Премерот Заев и Претседателот Радев се согласни дека јасната европска перспектива на Република Северна Македонија е од големо значење и за Република Бугарија како нејзиниот придонес за заедничка иднина на двете земји во ЕУ.
Премиерот Заев на средбата истакнал дека градење на пријателството меѓу двата братски народи и двете земји е обврска на лидерите кои треба пред себе да ја имаат на ум перспективата на младите.
Денешната посета на делегацијата на Република Северна Македонија во Софија може да се смета како значаен исчекор да се поттикнат идните решенија за отворените прашања на чие решавање двете страни ќе посветат сериозно внимание.
ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.